Достапни линкови

Надмината трговската криза со Косово


Граничните премини меѓу Македонија и Косово отворени. Трговската криза меѓу две земји, по неколку дневните блокади, е надмоната.

Граничните премини Блаце и Јажинце на македонско-косовската граница од полноќ се отворени..
Косово ја крена рампата за македонските производи, со што прекина и блокадата на косовската граница од македонска страна и наплатата на влезна такса за косовските државјани и возила во Македонија.
Од ноќеска на полноќ македонските производи повторно може да се извезуваат на косовскиот пазар, а премините Јажинце и Блаце се слободни за сообраќање. Таму имаше петдневна блокада што ја поставија македонските превозници од „Макамтранс“ во знак на револт од ембаргото од косовската страна.
Косово најнапред воведе делумно ембарго за увоз на македонски производи, а по воведувањето такси за влез во Македонија за патници и автомобили од Косово, Приштина и целосно го забрани увозот од Македонија.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски
Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски
Македонската влада на завчерашната седница донесе одлука условен увоз на брашно да престане да важи на 15 септември, информираше вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

„Од страна на надлежните институции Владата беше информирана дека како резултат на мерката за условен увоз на брашно и на мерката за условен увоз на пченица е дојдено до стабилизација на пазарот во овој сегмент, и одлучи мерката за условен увоз на брашно од странство во Република Македонија да престане да важи на 15 септември во 00:00 часот“, прецизира Пешевски.

Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да го одлучи Косовската влада.
Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања
Според него, мерката за условен увоз на брашно и пченица која престана да важи претходно, биле донесени за да се заштити домашниот пазар, односно да се даде поддршка и на производителите на пченица и на млинарите.

„Двете мерки беа базирани на домашното и меѓународното трговско право и имаа правна основа и во договорот за ЦЕФТА, и како такви ги постигнаа целите за кои беа донесени. На овој начин докажавме дека се грижиме за субјектите во Македонија, и дека имаме конзистентни ставови кои се базирани на анализи и кои имаат длабока и економска и правна и општествена оправданост“, вели Пешевски.

Пешевски порача и дека за укинувањето на мерката за условен увоз на брашно е информирана и косовската влада.

„ Има најави од косовските медиуми дека ќе биде укината и нивната мерка за забрана на увоз на македонски производи. Сепак за тоа останува да го одлучи Косовската влада“, додаде Пешевски.

Тој порача и дека со решителноста македонската влада покажала дека земјата е сериозен играч во трговските односи и дека знаат да истраат и да не потклекнат на притисоци, при што со нивните потези ги заштитиле економските и политичките интереси на државата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG