Достапни линкови

Трговска војна со политички последици


Министрите за економија на Косово и Македонија, Мимоза Кусари Лила и Ваљон Сарачини.
Министрите за економија на Косово и Македонија, Мимоза Кусари Лила и Ваљон Сарачини.

Кога со политичка мерка се одговара на трговски проблем, страдаат меѓуетничките односи, коментираат упатените.

Мешањето на политиката во трговската војна меѓу Македонија и Косово ги влошува меѓуетничките односи во земјава, се согласуваат упатените.
Секогаш се создаваат со цел да се најдат „хероите“ кои ќе го решат проблемот, за потоа многу полесно да си ги соберат политичките поени кои ќе бидат еднодневни, еднонеделни или неколкумесечни или ќе бидат за следните избори кои се планираат.
Соња Стојадиновиќ, политиколог.

Политикологот Соња Стојадиновиќ вели дека кај нас меѓуетничките односи секогаш се проблематизираат од врвот на политичките кругови.

„Секогаш се создаваат со цел да се најдат „хероите“ кои ќе го решат проблемот, за потоа многу полесно да си ги соберат политичките поени кои ќе бидат еднодневни, еднонеделни или неколкумесечни или ќе бидат за следните избори кои се планираат. Жално е што се создаваат такви проблеми и жално е што народот се манипулира поради лични и политички причини на партиите.“

Не мислам дека ваквата ситуација е многу опасна бидејки Македонците и Албанците ги прележаа детските сипаници во смисла на поголеми конфликти, вели Стојадиновиќ.

„Мислам дека веќе и тие типови на манипулација се многу површни и веќе луѓето разбираат дека тоа се
Тоа нема врска едно со друго, односно трговската војна или ембаргото меѓу едната и другата страна, се обидуваат да ја префрлат на еден друг терен, тоа веќе е проблематична позиција и мислам дека токму овој потег на владата создаде една таква атмосфера.
Едмонд Адеми, политиколог.
манипулации, дека не стои ништо зад тоа.“

Во меѓувреме, ситуацијата на терен е непроменета – и денеска жителите на Косово плаќаат за преоѓање на границата. Меѓу нив е и Атие Муча која морала пеш да оди преку гранична контрола.

„Границата ја поминав пешки и одам на лекарски преглед. Од другата страна ме чека кола да ме носат на доктор. Дај Боже ситуацијата да се смири затоа што ова не е добро за никого.

Биљана Муратовска од синдикатот на транспортерите смета дека ваквите мерки никому не му помагаат.

„И затоа сметаме дека требаше некој да застане и да каже - Доста е на ваквите мерки, кои се донесуваат и прават на Балканот, наместо да се здружиме, да отвориме поголеми пазари и да можеме да работиме.“

Политикологот Едмонд Адеми вели дека ваквите случувања дефинитивно негативно се одразуваат на меѓуетничките односи во Македонија. Тој додава дека е несоодветно што македонската влада одговорила со политичка мерка на трговски проблем.

„Тоа нема врска едно со друго, односно трговската војна или ембаргото меѓу едната и другата страна, се обидуваат да ја префрлат на еден друг терен, тоа веќе е проблематична позиција и мислам дека токму овој потег на владата создаде една таква атмосфера.“

Тензиите можеа да се избегнат доколку проблемот се локализира во економски рамки, смета Адеми.

„Немаше да има една ваква внатрешна тензија меѓу двете држави“, додава Адеми.
XS
SM
MD
LG