Сега кога зад нас е уште една безуспешна рунда преговори околу спорот за името, најголемата опозициска партија како и дел од помалите партии се погласни се околу повиците дека позициите околу ова круцијално прашање за евроинтеграциите треба да им бидат изворно познати, а дел од нив го застапуваат и ставот дека без поширока јавна дебата во која би се вклучил политичкиот, но и поширокиот севкупниот потенцијал на земјата, напредок не може да има.
Како и до сега целосно сме исклучени од преговарачкиот процес и сите информации ги добиваме исклучиво преку медиумите, го повтори својот став СДСМ.
„Решавањето на спорот за името без било кој политички чинител во Република Македонија недвосмислено ќе доведе до поделба во македонската држава и општество“, ни изјави портпаролот на најголемата опозициска партија, Петар Шилегов.
Ние постојано апелираме до Владата и до премиерот Груевски СДСМ да биде вклучен барем на ниво на брифирање за настаните поврзани со спорот за името, велат од СДСМ.
„Зошто не дојде до средба на претседателот Заев со Господинот Нимиц е прашање до тој што го организира протоколот, очигледно е дека Никола Груевски смета дека тој е апсолутниот владар во Република Македонија и може да одлучува самостојно за сите прашања“, вели портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.
Демократскиот сојуз кој е дел од владината коалиција предложи посредникот во спорот за името при последната посета да се сретне и со лидерите на сите политички партии. Лидерот на партијата Павле Трајанов е на мислење дека можеби токму тоа придонело медијаторот да ги отвори потранспарентно идеите и позициите на двете држави.
„Мислам дека е чекор напред, бидејќи треба да се вклучат и другите партии, невладиниот сектор, експертите, да знаеме ние за што разговараме. Досега не беа јасно познати ставовите, ниту грчкиот став, ниту ставот на Република Македонија“, ни изјави Трајанов.
Владината ДУИ се погласно го застапува ставот дека е неопходно отварање поширока јавна дебата околу спорот за името и тоа лидерот Али Ахмети неодамна на брифинг го потенцираше како една од клучните разлики со коалициониот партнер околу ова прашање. Премиерот Груевски според досегашните изјави смета дека за сега за тоа нема потреба. Тие што треба и тоа што треба се информирани, изјави Груевски кој сепак се уште не отстапува од позицијата дека кое и да е постигнато решение на крајот ќе мора да биде одобрено на референдум од страна на граѓаните.
Решавањето на спорот за името без било кој политички чинител во Република Македонија недвосмислено ќе доведе до поделба во македонската држава и општество.Петар Шилегов, портпарол на СДСМ.
Како и до сега целосно сме исклучени од преговарачкиот процес и сите информации ги добиваме исклучиво преку медиумите, го повтори својот став СДСМ.
„Решавањето на спорот за името без било кој политички чинител во Република Македонија недвосмислено ќе доведе до поделба во македонската држава и општество“, ни изјави портпаролот на најголемата опозициска партија, Петар Шилегов.
Ние постојано апелираме до Владата и до премиерот Груевски СДСМ да биде вклучен барем на ниво на брифирање за настаните поврзани со спорот за името, велат од СДСМ.
Мислам дека е чекор напред, бидејќи треба да се вклучат и другите партии, невладиниот сектор, експертите, да знаеме ние за што разговараме. Досега не беа јасно познати ставовите, ниту грчкиот став, ниту ставот на Република Македонија.Павле Трајанов, Демократски сојуз.