Откако по последната рунда преговори што медијаторот во спорот за името Метју Нимиц ги слушна позициите на двете страни, за партиите од македонската опозицијата станува збор за непроменета состојба од која не може ни да се очекува понатамошен напредок.
Од СДСМ велат дека и натаму како најголема опозициска партија за македонската позиција околу спорот се информирани само преку медиумите и дотолку е неприкладно да ги коментираат информациите во врска со тоа се додека, како што велат, премиерот Груевски ја монополизира македонската позиција по ова суштинско прашање. Тоа пак за Тито Петковски од опозициската НСДП е знак и дека власта нема намера да ги менува позициите и прашањето ќе го одложува до недоглед.
„Ако не се вклучува пошироката јавност, значи ако не се вклучуваат политичките партии и парламентарни и вон парламентарни, ако не се вклучуваат верските заедници, целокупниот тој потенцијал во државата, јас не очекувам дека нешто на тој план може да се помери.“
За Павле Трајанов од Демократскиот Сојуз кој е дел од владината коалиција, последните преговори ги направиле позициите појасни за јавноста, но и покажале дека двете линии се исцрпени.
„Сигурно дека треба да се направат дополнителни напори, неопходно е посериозна вклученост на Европската унија, се разбира тука треба да бидат вклучени и САД кои исто така можат да допринесат да се стигне до средината на овие црвени линии, да се пробијат и евентуално да се дојде до некој компромис“, вели Трајанов.
Професор Мерсел Биљали, пак, без оглед на ставовите изнесени во јавноста, кои вели, е возможно да се режирани од страна на македонските власти дека нема приближување на ставовите, тие се приближуваат до степен на прашањето каде треба да биде додавката.
„Значи се фокусира сега проблемот на тоа, каде треба да биде додавката за географска одредница, што не е баш голем проблем“, анализира Биљали.
Медијаторот Нимиц по средбите во Скопје состојбата ја коментираше со формулацијата се уште постојат значителни разлики кои се однесуваат на географската одредница, која за грчката страна треба да стои пред зборот Македонија, а за македонските власти пред зборот Република. Втората спорна област е,како што рече, употребата, при што Грција останува на ставот ерга омнес, за разлика од неговиот став кој бил поинаков без да соопшти детали околу тоа.
„Самиот факт што тоа го спомна и самиот Нимиц и во полза на тоа дека не се согласува со тоа, значи тоа беше само за наша употреба, дека ако утре се постигне согласност, значи ете има отстапка од ерга омнес“, толкува професор Биљали.
Нимиц најави средби со преговарачите од двете страни во наредните неколку недели во текот на Генералното собрание на ОН каде што како што најави ќе разговараат за наредните чекори.
Ако не се вклучува пошироката јавност, значи ако не се вклучуваат политичките партии и парламентарни и вон парламентарни, ако не се вклучуваат верските заедници, целокупниот тој потенцијал во државата, јас не очекувам дека нешто на тој план може да се помери.Тито Петковски, НСДП.
Од СДСМ велат дека и натаму како најголема опозициска партија за македонската позиција околу спорот се информирани само преку медиумите и дотолку е неприкладно да ги коментираат информациите во врска со тоа се додека, како што велат, премиерот Груевски ја монополизира македонската позиција по ова суштинско прашање. Тоа пак за Тито Петковски од опозициската НСДП е знак и дека власта нема намера да ги менува позициите и прашањето ќе го одложува до недоглед.
„Ако не се вклучува пошироката јавност, значи ако не се вклучуваат политичките партии и парламентарни и вон парламентарни, ако не се вклучуваат верските заедници, целокупниот тој потенцијал во државата, јас не очекувам дека нешто на тој план може да се помери.“
Значи се фокусира сега проблемот на тоа, каде треба да биде додавката за географска одредница, што не е баш голем проблем.Мерсел Биљали, универзитетски професор.