Достапни линкови

Разлики за името постојат, решение нема


Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц.
Средба на премиерот Никола Груевски со медијаторот Метју Нимиц.

Грчката страна инсистира географската одредница да биде пред зборот Македонија, додека македонските власти бараат таа да стои пред зборот Република. Втората спорна област е опсегот на употреба.

Се уште постојат значителни разлики меѓу Македонија и Грција за името, се уште немаме решение, изјави медијаторот Метју Нимиц по средбата со премиерот Никола Груевски во Скопје. На средбата, Нимиц ги презентирал ставовите на Атина и ги слушнал мислењата на Скопје за предлогот за решение на спорот, даден во април, за кој од ДУИ соопштија дека бил Горна Република Македонија.
Би бил среќен доколку имавме успех, но сè уште постојат значителни разлики помеѓу двете страни, сè уште немаме решение, постојат сериозни разлики во однос на различните аспекти на можното решение и треба да продолжиме со изнаоѓањето решение.
Метју Нимиц, медијатор на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција.

„Би бил среќен доколку имавме успех, но сè уште постојат значителни разлики помеѓу двете страни, сè уште немаме решение, постојат сериозни разлики во однос на различните аспекти на можното решение и треба да продолжиме со изнаоѓањето решение. “
Изјава на медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.
Изјава на медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.

Нимиц рече дека грчката страна покренала две прашања околу предлогот, а во Македонија имал детален разговор и го добил ставот кој е во линија со досегашните позиции. За грчката страна било спорно каде ќе стои одредницата, односно дека инсистира одредницата да биде пред зборот Македонија, додека македонските власти инсистираат таа да стои пред зборот Република. Тоа, според него, се значителни разлики.
Ќе бидам во контакт со преговарачите Василакис и Јолевски за наредните чекори под претпоставка дека двете страни сакаат да продолжат со процесот.
Метју Нимиц, медијатор на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Втората спорна област е употребата. Грција смета дека новото име треба да се користи насекаде, односно и во внатрешна и во надворешна официјална употреба, за разлика од неговиот предлог кој бил поинаков, но не сакаше да образложи детали.
Нимиц не го откри предлогот, рече дека има географска одредница, но не и етничка како што шпекулираат некои медиуми.

По посетата на Скопје, Нимиц повторно оди во Грција на средба со грчкиот преговарач за името, Адамантиос Василакис, а потоа се враќа дома каде ќе го продолжи процесот на разговори.

„Ќе бидам во контакт со преговарачите Василакис и Јолевски за наредните чекори под претпоставка дека двете страни сакаат да продолжат со процесот. Раководствата на двете земји доаѓаат на Генералното собрание на ОН во наредните неколку недели, ќе се сретнам со некои од нив и ќе разговараме за наредните чекори“, рече Нимиц.

Медијаторот на ОН во Скопје претходно се сретна со претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.





.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG