Во Македонија помеѓу граѓаните и политичките елити се чувствува замор и разочараност од процесот на евроинтеграции на земјата, смета Стојан Славевски од Маршал центарот во Скопје и универзитетски професор. Македонија не може сама да го реши спорот за името со Грција и затоа е неопходна поголема меѓународна помош, беше оценката на дел од учесниците на Меѓународната конференција „НАТО и регионалната безбедност на Западен Балкан“ што се одржа во Струга.
Славевски вели дека би било добро ако Европската унија и Американците дадат поголем придонес во пронаоѓање на решение.
„Ако не, вака уште долги години ќе останеме надвор од овие институции. Се чувствува замор изминатите пет години откако ја добивме поканата за членство во НАТО и 4 години за членство во ЕУ и затоа стоиме во место, не се движиме напред и се чувствува одредена разочараност и кај нас и кај политичките елити и кај населението и кај сите оние кои работат на овој процес на евроатлански интеграции“, вели Славевски.
Тој вели дека регионот е сè уште незавршена приказна.
„Затоа НАТО, ЕУ и Америка треба да се фокусираат на овие отворени прашања. Прашањето за Македонија и проблемот со Грција, Србија и Косово постигнаа одреден договор, но тој треба да се имплементира, Црна Гора сè уште не е интегрирана. Сè додека овој регион не се интегрира во НАТО и ЕУ ќе има сè уште отворени прашања“, вели Славевски.
Анкица Томиќ од Џорџ Маршал центарот во Сараево смета дека во процесот на евроинтеграции од сите држави во регионот најдобро стојат Црна Гора и Србија.
„Босна и Херцеговина некако заостанува во тој контекст поради различни причини, а најмногу политички. Но, сметам дека Црна Гора и Србија можеби би биле првите држави од регионот кои би влегле во Европската унија. За Македонија знаете дека за членство во НАТО е проблемот со името, но мислам дека и Македонија не прави доволно силни чекори. Некако овие две држави во последно време ги забрзаа чекорите во споредба со Македонија, а посебно во однос на Босна која посебно се наоѓа во статус кво ситуација. Македонија сепак е во подобра ситуација во однос на Босна и Херцеговина“, оценува Томиќ.
Демократскиот развој најмногу може да им помогне на сите држави од регионот најмногу вели Ренато Матиќ, социолог од Хрватска.
„Хрватска може да помогне во онаа мера, на начин на која самата функционира и на начин на кој демократски се развива. Демократскиот развој е нешто што дефинитивно ќе придонесе за општата сигурност и сигурноста на граѓаните“, вели Матиќ.
Ако не, вака уште долги години ќе останеме надвор од овие институции. Се чувствува замор изминатите пет години откако ја добивме поканата за членство во НАТО и 4 години за членство во ЕУ и затоа стоиме во место, не се движиме напред и се чувствува одредена разочараност.Стојан Славевски, универзитетски професор.
Славевски вели дека би било добро ако Европската унија и Американците дадат поголем придонес во пронаоѓање на решение.
„Ако не, вака уште долги години ќе останеме надвор од овие институции. Се чувствува замор изминатите пет години откако ја добивме поканата за членство во НАТО и 4 години за членство во ЕУ и затоа стоиме во место, не се движиме напред и се чувствува одредена разочараност и кај нас и кај политичките елити и кај населението и кај сите оние кои работат на овој процес на евроатлански интеграции“, вели Славевски.
Тој вели дека регионот е сè уште незавршена приказна.
Сметам дека Црна Гора и Србија можеби би биле првите држави од регионот кои би влегле во Европската унија. За Македонија знаете дека за членство во НАТО е проблемот со името, но мислам дека и Македонија не прави доволно силни чекори.Анкица Томиќ, Џорџ Маршал центар во Сараево.