Станавме една од избраните нации што имаат своја држава, се потсетува поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески на денот кога Македонија стана членка на Обединетите Нации под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија. Станавме суверена држава зацртана во картата на светот, вели Малески објаснувајќи ја како што вели големата победа за Македонија.
Потсетувајќи се на далечната 1993 година, открива дека всушност постоеле неколку опции под кои тогаш можевме да влеземе во оваа организација.
Гледајќи од оваа перспектива, тоа беше една трка помеѓу она што ние тогаш го правевме за влез во ОН од една страна и растечкиот национализам во Македонија, вели Малески.
„Една од опциите за кои веќе немавме моќ да ја истражиме беше опцијата којшто ни ја предложи британскиот премиер Џон Мејџор, за која, како што тој ни рече на состанокот што заедно со претседателот Глигоров го имавме на Даунинг стрит 10, ќе имаше поддршка и од САД, беше самите ние преку одлука на нашиот парламент да ја ставиме таа дистинкција во форма на заграда на главниот град покрај името на нашата држава.“
Но она што според Малески е карактеристично и за тогашната ситуација пред 20 години и за сегашната е тоа што партиите во Македонија и во најтешките моменти за државата не беа во состојба да седнат и да разговараат. Следствено на тоа се наметнува прашањето како тоа една држава која не е во состојба дома да разговара меѓу себе, може да разговара со кого било однадвор.
„Кај политичките проблеми како што е овој, каде што има многу историја, каде што има наталожени емоции, неразрешени историски јазли итн., се бара дипломатија, се бара политика. Е сега, секогаш за нас е како македонски политичари, оние што дојдоа после мене, секогаш беше полесно да се враќаме на почеток и да речеме - ама ние имаме право како и сите држави! Имаме право, но правдата не е нешто што ги карактеризира меѓународните односи во сите инстанци и затоа треба да береме памет во таа смисла и да бараме дипломатско, политичко решение.“
Проблемот за името останува клучен за евроатланската иднина на Македонија
Но и по 22 години од успешно спроведениот референдум на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава, проблемот за името останува клучен за евроатланската иднина на земјава. Упатените проценуваат дека се повеќе се оддалечуваме од решението на овој спор кој во меѓувреме се искомплицира и на кој му се додаде димензијата на идентитетско прашање.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека Македонија ја пропуштила шансата кога била најблиску до решение на овој проблем, а тоа според него е периодот пред Букурешкиот самит во 2008 година.
„Јас мислам дека сме имале добра прилика тоа да го решиме и во поранешните години, така и пред Самитот во Букурешт. Мислам дека сме иле блиску да се направи исчекор, бар да се дефинира во кој правец ќе одат преговорите за да може да се изнајде решение. Ние во моментов немаме правец во кој ова може да се реши.“
Сложеноста на овој проблем ја нагласува и поранешниот дипломат Ристо Никовски кој смета дека разликите меѓу двете страни, македонската и грчката се речиси непремостливи.
„Македонија има јасно позициран став, исто таков е ставот на Грција, разликите се огромни, длабоки, премостувањето е скоро невозможно, така да тоа е процес кој ќе трае.“
Пресудата до Хаг не промени ништо
Во меѓувреме на 5 декември во 2011 година Македонија доби морална поддршка со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во која беше констатирано прекршувањето на Времената спогодба од страна на Грција. Малески оценува дека пресудата не промени ништо значајно во меѓународната политика и не придонесе за значителен исчекор во разговорите меѓу двете засегнати страни.
„Може да се рече дека во некоја смисла тоа ги зајакна позициите на државата како држава која се повикува на меѓународното право, но исто така може да се каже дека и загубивме поприлично години во еден спор којшто на крај нема да биде одлучувачки за решение на проблемот со соседната земја којашто е членка на НАТО и ЕУ, туку дека сепак тоа решение ќе мора да се бара низ преговори.“
И за идентитетот се работи?!
Експертите посочуваат дека сега веќе се залудни повиците да не се опфатат прашањата за идентитетот и за историјата кога се зборува за проблемот со името, зошто односите меѓу двете земји се оптоварени и со историјата и со идентитетот.
Во изминатите неколку години имаше неколку рунди разговори на преговарачите со медијаторот Метју Нимиц, писма и покани за средби на повисоко ниво, потпишани меморандуми за соработка и разбирање и одговори на истите, најава за промена на форматот на разговорите, демонстрации на конструктивност и отвореност за наоѓање на компромисно решение.
Нормално е секоја од страните во спорот да ги гледа сопствените интереси и начинот на решавање да го гледа од сопствена перспектива, вели професорот Беким Кадриу од Штуловиот универзитет.
„Македонија треба да покаже поголем интерес за решавање на спорот, затоа што ние сме тие што
сме блокирани, тоа е проблемот. Грција може да го продолжи овој спор со години, со децении итн, тие не се тие кои се блокирани.“
Политичката елита не разговара за „името“
Дека недостасува вистинска политичка волја за решавање на овој долгогодишен спор се согласува и Муслиу. Ние немаме реална политичка дебата и дијалог на политичката елита во врска со ова прашање, истакнува Муслиу.
„Но јас не гледам сериозни иницијативни и сериозна политичка волја кај нив за да се дојде до политички консензус, за да може тој политички консензус потоа да се аргументира и пред јавноста.“
Во меѓувреме ова прашање стана алатка во рацете на политичките партии, особено пред избори. Не ретко политичката елита ова прашање го користи за патриотска диференцијација на политичарите. Со ваквиот пристап пак непотребно се подигаат страстите и емоциите кај граѓаните, оценуваат соговорниците.
„Ставот на македонската власт е следна, ние имаме пресуда на Меѓународниот суд на правдата, ја молиме Грција, да ја почитува, толку. Така не се решава спорот. Така се заглавуваме на тие т.н. позиции и нема движење, нема прогрес“, вели Кадриу.
Поради чувствителноста на ова прашање јавноста остана посиромашна за какви било информации во врска со него. Иако грчките медиуми постојано шпекулираа со предлози и идеи, од македонската страна добиваме воздржаност дека нема да коментираат за да не му наштетат на преговарачкиот процес. Ваквата затвореност на македонските институции ја разниша владиниот коалиционен партнер, Демократската Унија за интеграција, чиј лидер јавно соопшти дека последниот предлог на медијаторот е името Горна Република Македонија. Власта се огради од коментар за предлогот. Лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов пак изјави дека овој предлог не е нов и дека не е важно дали македонската страна ќе го прифати, кога другата страна ќе го одбие.
„Ако е предлогот тој кој што го најавува Господинот Али Ахмети, треба да се разговара пред се со грчката страна, да го видиме нивниот став и после тоа да се гради евентуален консензус. Консензусот да го изградиме претходно како држава, пред да го го знаеме ставот на Грција, мислам дека е крајно неодговорно и недржавнички чин.“
Социјалдемократите пак изјавија дека преговорите за името се монополизирани од страна на Владата и премиерот. Се додека не добиеме официјална потврда од Владата дека има таков предлог, ние немаме што да коментираме, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Ние ниту знаеме официјално, ниту до нас е дојдено дека може да стане збор за некаков си конкретен предлог и некакво си конкретно решение. Се додека тоа не биде од страна на владата официјално соопштено до СДСМ или да не повикаат на некоја средба на која би се разговарало за настаните, за преговорите за името, не не можеме да објавиме официјален став.“
Откако премиерот Никола Груевски поднесе и ја доби тужбата за клевета против претседателот на НСДП, Тито Петковски затоа што во октомври минатата година за неделникот Фокус изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008
предложил новото име да биде Република Македонија(Скопје), од НСДП велат дека не сакаат да лицитираат со имиња.
„Јас не осудувам изјавата, предлогот на Господинот Ахмети како дел од власта само пренесува една идеја која е на маса од компетентно лице, од посредникот во македонско-грчките преговори. Но за да дојдеме ние до решение коешто ќе може да се стави во функција на решавање на спорот со Грција, треба да постои апсолутен политички консензус, а мислам дека е неопходен и етнички консензус“, изјави Тито Петковски од НСДП.
За ДУИ може и Горна Македонија
Од ДУИ пак уште еднаш повторија дека предлогот Горна Република Македонија е добар и не задира во идентитетот на македонскиот народ.
„Нашиот став е дека последниот предлог на господинот Нимиц не задира други прашања коишто би биле спорни и коишто се повеќе емоционален товар на граѓаните од македонската етничка припадност. Нашиот став е дека за овие прашања треба отворено да разговараме“, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи
Експертите пак имаат поделени мислења околу предлогот Горна Република Македонија. Овој предлог е еден вид отстапка на Македонците кои се опседнати со историјата, оти во историјата се зборува за такви поделби, вели професорот Малески.
„Самиот тој поим не ми се допаѓа, јас би бил повеќе за некое модерно решение, но тоа е таа ситуација, ниту еден друг предлог не е исклучен, важно е да се влезе во преговори и да се бара решение од тие што се повикани тоа да го прават.“
За Никовски пак овој предлог е бесмислен. Иако немаме детали околу понуденото, инсистирањето на Грција на додавка пред Македонија повлекува низа други последици поврзани со идентитетските прашања, вели тој.
„Таа е по многу што бесмислена, бидејќи Република не може да биде Горан или Долна , не може јаболка да биде лева или десна, разбирате? Било каква додавка која ќе биде пред Република, ја повлекува истата лавина, значи го руши сето она што опстојува во оваа држава. Тоа значи дека ќе биде променет идентитетот на народот, пасошите и се друго, така да би требало тоа да не залаже нас, да биде атрактивно за нас, да имаме додавка пред Република, а последиците да бидат исти.“
Предлогот Горна Република Македонија би можел да биде прифатен од страна на политичките партии, оптимист е Муслиу. Истовремено ја истакнува потребата од јавна дебата во која секоја од страните би ги кажале аргументите за и против.
„Ако некоја страна има сериозни причини против предлог версус друг, реално треба мене како граѓанин да излезе и да ми аргументира со реални причини, со реални факти и аргументи, а не само со политички квалификации, затоа што политичките квалификации држат во политичката борба, додека во јавната дебата тие не се релевантни.“
Внатрешниот консензус неопхден
Она на што експертите укажуваат е потребата од внатрешен консензус за ова прашање. Покрај тоа што во последно време нема отворена дебата меѓу коалиционите партнери кои кристално јасно би го кажале ставот на Владата, недостасува и поширока дебата со опозицијата и со другите политички чинители во земјата.
По низата дипломатски активности на ДУИ како обид да се демонстрира силна посветеност за што побрзо затворање на ова прашање, Малески вели дека во последно време се создава сојуз меѓу опозицијата и ДУИ по прашањето за евроинтеграциите, а се стега обрачот околу владејачката ВМРО-ДПМНЕ која според него избегнува да се соочи со овој проблем.
„Притисокот е посилен од сите страни, и домашни и надворешни, тие тоа да го направат. Во што ќе резултира, дали ќе резултира во менување на курсот на владејачките националисти во Македонија, ублажување на курсот и барање решение или ќе резултира во зголемување на јазот со партнерот во Владата по тоа прашање или со опозицијата, останува да се види.“
Во период кога во медиумите се најавува нова посета на медијаторот Нимиц во регионот, експертите се надеваат дека политичката елита ќе се освести и дека порационално ќе му пријде на проблемот. Проблемот може да се надмине доколку се сменат приоритетите, односно ако интересите на граѓаните се стават над партиските заклучуваат аналитичарите. Додаваат дека дебатата за спорот треба да се води внимателно и единствено преку дипломатски канали, а не преку медиумите.
Само на таков начин и со добра политичка волја експертите се надеваат на можни придвижувања во македонско-грчкиот дијалог и преговори кои би резултирале со компромисно решение.
Дали за СДСМ би бил прифатив предлог со географска одредница?
Ние излеговме со општ став дека ќе поддржиме компромисно решение, што покажува дека ние сметаме дека во моментов за Македонија компромис е подобар и за нејзината национална посебности и за нејзината иднина и за интеграциите и граѓаните на земјата. Но, тоа решение не смее да го загрози националниот идентитет и интереси и убедени сме дека со политичка волја може да се дојде до такво решение, но не сме ние на преговарачката маса. СДСМ и во минатото покажал дека кога треба, носи одлуки и ја презема одговорноста за тие одлуки и сме плаќале политичка цена. Меѓутоа ние сметаме дека политичарите се менливи, а државата треба да биде вечна, нејзините граѓани и нивните интереси треба да бидат вечни и тоа како политичка партија сме го покажале и сега како опозиција го покажуваме. Нема поконструктивна опозиција од оваа што ја има македонската власт, воздржани сме, не напаѓаме на секоја топка, и сакаме прво да знаеме кој е предлогот, пред да го отфрлиме.
Република Македонија денеска одбележува 21 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално, волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.
Република Македонија денеска одбележува 21 година од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.
Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...
Државата се осамостои монетарно со воведување на денарот на 26 април 1992, а потоа доби и своја Армија која роденденот го слави на 18 август.
Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.
Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 169 држави во светот, а под уставното име е призната од 133, меѓу кои и од три постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.
Во изминатите 20 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - зацврстување на демократијата и интеграција во евроатлантските структури. Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.
И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.
Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и лани. Грција, по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името.
Дваесет и првиот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
Потсетувајќи се на далечната 1993 година, открива дека всушност постоеле неколку опции под кои тогаш можевме да влеземе во оваа организација.
Гледајќи од оваа перспектива, тоа беше една трка помеѓу она што ние тогаш го правевме за влез во ОН од една страна и растечкиот национализам во Македонија, вели Малески.
„Една од опциите за кои веќе немавме моќ да ја истражиме беше опцијата којшто ни ја предложи британскиот премиер Џон Мејџор, за која, како што тој ни рече на состанокот што заедно со претседателот Глигоров го имавме на Даунинг стрит 10, ќе имаше поддршка и од САД, беше самите ние преку одлука на нашиот парламент да ја ставиме таа дистинкција во форма на заграда на главниот град покрај името на нашата држава.“
Кај политичките проблеми како што е овој, каде што има многу историја, каде што има наталожени емоции, неразрешени историски јазли итн., се бара дипломатија, се бара политика. Е сега, секогаш за нас е како македонски политичари, оние што дојдоа после мене, секогаш беше полесно да се враќаме на почеток и да речеме - ама ние имаме право како и сите држави! Имаме право, но правдата не е нешто што ги карактеризира меѓународните односи во сите инстанци и затоа треба да береме памет во таа смисла и да бараме дипломатско, политичко решение.Денко Малески, универзитетски професор и поранешен министер за надворешни работи.
„Кај политичките проблеми како што е овој, каде што има многу историја, каде што има наталожени емоции, неразрешени историски јазли итн., се бара дипломатија, се бара политика. Е сега, секогаш за нас е како македонски политичари, оние што дојдоа после мене, секогаш беше полесно да се враќаме на почеток и да речеме - ама ние имаме право како и сите држави! Имаме право, но правдата не е нешто што ги карактеризира меѓународните односи во сите инстанци и затоа треба да береме памет во таа смисла и да бараме дипломатско, политичко решение.“
Проблемот за името останува клучен за евроатланската иднина на Македонија
Но и по 22 години од успешно спроведениот референдум на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава, проблемот за името останува клучен за евроатланската иднина на земјава. Упатените проценуваат дека се повеќе се оддалечуваме од решението на овој спор кој во меѓувреме се искомплицира и на кој му се додаде димензијата на идентитетско прашање.
Јас мислам дека сме имале добра прилика тоа да го решиме и во поранешните години, така и пред Самитот во Букурешт. Мислам дека сме иле блиску да се направи исчекор, бар да се дефинира во кој правец ќе одат преговорите за да може да се изнајде решение. Ние во моментов немаме правец во кој ова може да се реши.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека Македонија ја пропуштила шансата кога била најблиску до решение на овој проблем, а тоа според него е периодот пред Букурешкиот самит во 2008 година.
„Јас мислам дека сме имале добра прилика тоа да го решиме и во поранешните години, така и пред Самитот во Букурешт. Мислам дека сме иле блиску да се направи исчекор, бар да се дефинира во кој правец ќе одат преговорите за да може да се изнајде решение. Ние во моментов немаме правец во кој ова може да се реши.“
Сложеноста на овој проблем ја нагласува и поранешниот дипломат Ристо Никовски кој смета дека разликите меѓу двете страни, македонската и грчката се речиси непремостливи.
Македонија има јасно позициран став, исто таков е ставот на Грција, разликите се огромни, длабоки, премостувањето е скоро невозможно, така да тоа е процес кој ќе трае.Ристо Никовски, поранешен дипломат.
„Македонија има јасно позициран став, исто таков е ставот на Грција, разликите се огромни, длабоки, премостувањето е скоро невозможно, така да тоа е процес кој ќе трае.“
Пресудата до Хаг не промени ништо
Во меѓувреме на 5 декември во 2011 година Македонија доби морална поддршка со пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во која беше констатирано прекршувањето на Времената спогодба од страна на Грција. Малески оценува дека пресудата не промени ништо значајно во меѓународната политика и не придонесе за значителен исчекор во разговорите меѓу двете засегнати страни.
„Може да се рече дека во некоја смисла тоа ги зајакна позициите на државата како држава која се повикува на меѓународното право, но исто така може да се каже дека и загубивме поприлично години во еден спор којшто на крај нема да биде одлучувачки за решение на проблемот со соседната земја којашто е членка на НАТО и ЕУ, туку дека сепак тоа решение ќе мора да се бара низ преговори.“
Македонија треба да покаже поголем интерес за решавање на спорот, затоа што ние сме тие што сме блокирани, тоа е проблемот. Грција може да го продолжи овој спор со години, со децении итн, тие не се тие кои се блокирани.Беким Кадриу, универзитетски професор.
И за идентитетот се работи?!
Експертите посочуваат дека сега веќе се залудни повиците да не се опфатат прашањата за идентитетот и за историјата кога се зборува за проблемот со името, зошто односите меѓу двете земји се оптоварени и со историјата и со идентитетот.
Во изминатите неколку години имаше неколку рунди разговори на преговарачите со медијаторот Метју Нимиц, писма и покани за средби на повисоко ниво, потпишани меморандуми за соработка и разбирање и одговори на истите, најава за промена на форматот на разговорите, демонстрации на конструктивност и отвореност за наоѓање на компромисно решение.
Нормално е секоја од страните во спорот да ги гледа сопствените интереси и начинот на решавање да го гледа од сопствена перспектива, вели професорот Беким Кадриу од Штуловиот универзитет.
„Македонија треба да покаже поголем интерес за решавање на спорот, затоа што ние сме тие што
Ако е предлогот тој кој што го најавува Господинот Али Ахмети, треба да се разговара пред се со грчката страна, да го видиме нивниот став и после тоа да се гради евентуален консензус. Консензусот да го изградиме претходно како држава, пред да го го знаеме ставот на Грција, мислам дека е крајно неодговорно и недржавнички чин.Павле Трајанов, демократски Сојуз.
Политичката елита не разговара за „името“
Дека недостасува вистинска политичка волја за решавање на овој долгогодишен спор се согласува и Муслиу. Ние немаме реална политичка дебата и дијалог на политичката елита во врска со ова прашање, истакнува Муслиу.
„Но јас не гледам сериозни иницијативни и сериозна политичка волја кај нив за да се дојде до политички консензус, за да може тој политички консензус потоа да се аргументира и пред јавноста.“
Во меѓувреме ова прашање стана алатка во рацете на политичките партии, особено пред избори. Не ретко политичката елита ова прашање го користи за патриотска диференцијација на политичарите. Со ваквиот пристап пак непотребно се подигаат страстите и емоциите кај граѓаните, оценуваат соговорниците.
Ние ниту знаеме официјално, ниту до нас е дојдено дека може да стане збор за некаков си конкретен предлог и некакво си конкретно решение. Се додека тоа не биде од страна на владата официјално соопштено до СДСМ или да не повикаат на некоја средба на која би се разговарало за настаните, за преговорите за името, не не можеме да објавиме официјален став.Петре Шилегов, СДСМ.
„Ставот на македонската власт е следна, ние имаме пресуда на Меѓународниот суд на правдата, ја молиме Грција, да ја почитува, толку. Така не се решава спорот. Така се заглавуваме на тие т.н. позиции и нема движење, нема прогрес“, вели Кадриу.
Поради чувствителноста на ова прашање јавноста остана посиромашна за какви било информации во врска со него. Иако грчките медиуми постојано шпекулираа со предлози и идеи, од македонската страна добиваме воздржаност дека нема да коментираат за да не му наштетат на преговарачкиот процес. Ваквата затвореност на македонските институции ја разниша владиниот коалиционен партнер, Демократската Унија за интеграција, чиј лидер јавно соопшти дека последниот предлог на медијаторот е името Горна Република Македонија. Власта се огради од коментар за предлогот. Лидерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов пак изјави дека овој предлог не е нов и дека не е важно дали македонската страна ќе го прифати, кога другата страна ќе го одбие.
Јас не осудувам изјавата, предлогот на Господинот Ахмети како дел од власта само пренесува една идеја која е на маса од компетентно лице, од посредникот во македонско-грчките преговори. Но за да дојдеме ние до решение коешто ќе може да се стави во функција на решавање на спорот со Грција, треба да постои апсолутен политички консензус, а мислам дека е неопходен и етнички консензус.Тито Петковски, НСДП.
„Ако е предлогот тој кој што го најавува Господинот Али Ахмети, треба да се разговара пред се со грчката страна, да го видиме нивниот став и после тоа да се гради евентуален консензус. Консензусот да го изградиме претходно како држава, пред да го го знаеме ставот на Грција, мислам дека е крајно неодговорно и недржавнички чин.“
Социјалдемократите пак изјавија дека преговорите за името се монополизирани од страна на Владата и премиерот. Се додека не добиеме официјална потврда од Владата дека има таков предлог, ние немаме што да коментираме, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.
„Ние ниту знаеме официјално, ниту до нас е дојдено дека може да стане збор за некаков си конкретен предлог и некакво си конкретно решение. Се додека тоа не биде од страна на владата официјално соопштено до СДСМ или да не повикаат на некоја средба на која би се разговарало за настаните, за преговорите за името, не не можеме да објавиме официјален став.“
Откако премиерот Никола Груевски поднесе и ја доби тужбата за клевета против претседателот на НСДП, Тито Петковски затоа што во октомври минатата година за неделникот Фокус изјавил дека Груевски со официјално писмо до генералниот секретар на Обединетите Нации во 2008
Нашиот став е дека последниот предлог на господинот Нимиц не задира други прашања коишто би биле спорни и коишто се повеќе емоционален товар на граѓаните од македонската етничка припадност. Нашиот став е дека за овие прашања треба отворено да разговараме.Бујар Османи, портпарол на ДУИ.