Античките скулптури кои пред неколку години беа позајмени од локалитетот Хераклеја и поставени пред Владата, во иднина ќе го красат новиот Археолошки музеј во Скопје. За новиот дом на скулптурите соопшти министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, нагласувајќи дека археолошките наоди кои се значајни за целата држава ќе останат во Скопје.
„Добро е секој град да има одредена музејска поставка каде ќе го презентира она што е автентично за градот. А, она што е автентично за целата држава ќе биде поставено во новиот Археолошки музеј. Така, голем број на предмети, дали се работи за камена пластика, скулптури, ќе бидат изложени во новиот музеј во главниот град на државата, бидејќи морам да кажам дека голема е туристичката посетеност. Тој нов археолошки музеј навистина заслужува, како секаде во светот, да има оригинални предмети“, изјави министерката.
Скулптурите од античкиот локалитет Хераклеја беа земени пред шест години. Станува збор за скулптурата на Тит Орест Флавиј, некогашен угледен граѓанин на Хераклеја и првосвештеник, како и скулптурата на Тогатос работени во 2 век од нашата ера.
Министерката не ја исклучува можноста и други археолошки експонати пронајдени во изминатите години со истражувањата во овој локалитет, да бидат однесени во Скопје.
„Се прави анализа што точно ќе оди како оригинал или копија ќе биде презентирано во новиот Археолошки музеј. Се прави една поиздржана програма заедно со Управата за заштита на културното наследство и директорите на другите институции од културата. Така, дел ќе имаме оригинали, а дел копии“, додаде Канческа Милевска.
Засега стручната јавност од Битола нема коментари на ваквиот план.
Добро е секој град да има одредена музејска поставка каде ќе го презентира она што е автентично за градот. А, она што е автентично за целата држава ќе биде поставено во новиот Археолошки музеј. Така, голем број на предмети, дали се работи за камена пластика, скулптури, ќе бидат изложени во новиот музеј во главниот град на државата, бидејќи морам да кажам дека голема е туристичката посетеност. Тој нов археолошки музеј навистина заслужува, како секаде во светот, да има оригинални предмети.Елизабета Канческа Милевска, министерка за култура.