Тие објаснуваат дека мозаиците имаат најмногу мака од климатски промени, од ладно на топло и обратно. Изминатите месеци беа критични бидејќи имаше ниски и високи температури кои се менуваа во краток временски интервал од ден до два и се движеа од плус 15 до минус 18 степени. Какви оштетувања предизвикаа временските амплитуди ќе се види откако на пролет ќе се отскријат мозаичните површини.
„Од време на постарите колеги се практикуваше покривањето со песок. Но, забелешката е што кај песокот со самото таложење се случува да се појави вегетација, која може да допре до камчињата и да дојде до нивно подигање и оделување од подлогата“, вели Тони Николовски, конзерватор од битолскиот Завод и музеј.
Тој посочува:
„Овие временски услови влијаат врз самото упивање на малтерот на мозаикот, тука доаѓа до разградување на малтерните слоеви. Постои и еден друг проблем што наназад се провлекуваше, а тоа е што како материјал за конзервација било користено цементото, кое не дава да диши малтерот, да ја впива и отпушта влагата. Тоа е проблем, па последните две до три години го избегнуваме циментото и користиме на варов малтер“, вели Николовски.
Конзерваторите сметаат дека најдобра заштита е да се стави покрив над секоја мозаична површина, но тоа чини многу, па се разгледуваат и алтернативни методи кои веќе се применуваат во соседните држави.
„Следната година ќе се обидеме да смогниме сили да се заштитат по начините како во Грција, односно да се покриваат со бела ризла и специјална мрежа, но сето тоа чини многу повеќе отколку менувањето песок. Имаме и конкурирано со таков прокет за откривање и препрокривање со бела ризла до Министерство за култура. Мораме да одиме етапно, не можеме тие илјада метри квадратни мозаична површина во 2011 година да ја препокриеме , но се надеваме дека тоа ќе го направиме барем кај две или три мозаични површини. Потребна е околу 40 сантиметри наслага од песок или бела ризла над мозаичната површина“, објаснува конзерваторот.
Според квалитетот и изработката на старите мозаичните површини, експертите посочуваат дека Херклеја е меѓу првите археолошки наоѓалишта во државата. Од таму и важноста од зачувувањето на ова национално културно богатство.
Од време на постарите колеги се практикуваше покривањето со песок. Но, забелешката е што кај песокот со самото таложење се случува да се појави вегетација, која може да допре до камчињата и да дојде до нивно подигање и оделување од
подлогата.
„Од време на постарите колеги се практикуваше покривањето со песок. Но, забелешката е што кај песокот со самото таложење се случува да се појави вегетација, која може да допре до камчињата и да дојде до нивно подигање и оделување од подлогата“, вели Тони Николовски, конзерватор од битолскиот Завод и музеј.
Тој посочува:
„Овие временски услови влијаат врз самото упивање на малтерот на мозаикот, тука доаѓа до разградување на малтерните слоеви. Постои и еден друг проблем што наназад се провлекуваше, а тоа е што како материјал за конзервација било користено цементото, кое не дава да диши малтерот, да ја впива и отпушта влагата. Тоа е проблем, па последните две до три години го избегнуваме циментото и користиме на варов малтер“, вели Николовски.
Конзерваторите сметаат дека најдобра заштита е да се стави покрив над секоја мозаична површина, но тоа чини многу, па се разгледуваат и алтернативни методи кои веќе се применуваат во соседните држави.
Следната година ќе се обидеме да смогниме сили да се заштитат по начините како во Грција, односно да се покриваат со бела ризала и специјална мрежа, но сето тоа чини многу повеќе отколку менувањето песок. Имаме и конкурирано со таков прокет за откривање и препрокривање со бела ризла до Министерство за култура.