24 отсто од вкупното население во Македонија се млади на возраст 15-29 години. Земајќи ја предвид политичката, социјалната и економската состојба кај нас, евидентно е дека државата не обезбедува многу просперитет за младите луѓе. Повеќето од истражувањата покажуваат дека голем број на млади луѓе се спремни да ја напуштат државата, па дури и 50 отсто од нив се спремни да заминат надвор од неа. Како главни проблеми за ваквата состојба младите најчесто ги наведуваат проблемите со вработувањето, мобилноста, домувањето... Оваа состојба преставува проблем не само за младите, туку и за целото општество.
Актуелните трендови на младите се насочени кон барање на подобра иднина за нив, па така тие многу често избираат да заминат во странство. Една од причините е продолжување на образованието, но сепак најголем е процентот на млади кои својата иднина ја гледаат во барање на работа во странство.
Различни се начините на обезбедувањето на работна виза, со желба само да се замине тие се спремни да работат секаква работа таму, склучуваат фиктивни бракови, бараат врски и пријатели кои ќе им го гарантираат престојот... Останува уште како имигранти нелегално да ги преминуваат границите за да стигнат до посакуваната дестинација, за нив „ветената земја“. Како и да е, многу мала е веројатноста дека и едните и другите еден ден повторно би се вратиле дома!
Ако состојбата е таква, тогаш следи прашањата зошто не се презема ништо за да се превенира оваа појава, која од ден на ден станува се поинтензивна, зошто државата и локалните власти не ги стават младите на приоритетна листа? Дали Националната стратегија за млади беше и остана само еден „супер документ“?
Ако погледнеме назад и да видиме колку државата одвојувала буџет за младите ќе евидентираме дека тоа последно се случило во 2010 година кога преку Агенцијата за млади и спорт се доделуваше финансиска поддршка за младинските организации да реализираат проекти кои се од интерес на младите. Оттогаш до денес не постои ни буџет, ни поддршка за организациите кои главно постојат за да им помогнат на младите.
Ако се симнеме на пониско ниво, во градовите ширум Македонија, ќе видиме дека локалните самоуправи се исто така незаинтересирани за поддршка на младинските организации. Скоро и да не постои општина во Македонија, која во својот буџет има резервирано ставка за младински проекти. Ваквата состојба ја зголемува уште повеќе празнината за помош и креирање на активности за младите, ниту од страна на државата, ниту од страна на младинските организации.
Доколку ги анализираме програмите на политичките партии со кои настапија на последните Локални избори 2013, светла точка која ветува некаква промена на состојбата се заложбите на скоро сите поголеми политички партии за отворање на Младински информативни центри, преку кои би се третирале прашањата и поддршката за намалување на невработеноста на младите, мобилноста итн. Исто така, во нивните програми е предвидено формирање на Совети на млади со кои како организирана форма би се обезбедило место на младите во Советите на општините како и можност да го кажат своето мислење за сите проблеми кои ги засегаат нив. Но дали и тие ќе бидат дел од оние неостварените и амбициозните „ветувања“?
Време е институциите да се разбудат, да ги увидат потребите на младите и навреме да превземат мерки. Време е! Часовникот оттчукува.

Скоро и да не постои општина во Македонија, која во својот буџет има резервирано ставка за младински проекти. Ваквата состојба ја зголемува уште повеќе празнината за помош и креирање на активности за младите, ниту од страна на државата, ниту од страна на младинските организации.