Велат „децата се учат од мали нозе“, а демократијата е процес кој треба да се применува од рана возраст. Што е таа како процес?! Како се одржува? Како се спроведува?! Кои се нормите на однесување во неа....?
Етимолошки, демократијата потекнува од грчките зборови demos што значи народ и kratia што значи владеење или владеење на народот. Школски, демократија се дели на директна или непосредна и репрезентативна, претставничка демократија.
Јас би говорел за директната демократија, која треба да им обезбеди на сите млади луѓе, да бидат прашани и да прашаат, да бидат избрани и да имаат можност да избираат, да носат одлуки и да одлучуваат, да влијаат врз одлуките и да не бидат пасивни набљудувачи на општествените процеси.
Ги едуцираме ли доволно македонските млади за демократијата, за нивното право да бидат прашани, да одлучуваат и да избираат? Ја знаат ли младите луѓе обврската и потребата да се вклучени во изборниот демократски процес на бирање и одлучување за неговата иднина и за негово подобро утре?
Досегашното искуство и нашите истражувања покажаа дека практиката да се консултираат младите луѓе (деца - ученици) при донесување на одлуки кои нив директно ги засегаат, како на локално така и на национално ниво, се уште не е воспоставена. Во училиштата, средни и основни, младите во многу мал број знаат за можностите да бидат вклучени во донесувањето на одлуки. Практиката покажува дека тие се консултирани за тоа каква униформа да носат, кој да им пее на матурска вечер, каде да се оди на неделна екскурзија. Жалосно е тоа што возрасните ова вклучување го сметаат за учество, гордеејќи се што им ги обезбедуваат ваквите можности за учество на учениците. Но проблемот кои го имаат младите е како и каде да се каже училишниот или студентски проблем, кому, кога....? Ако младите ученици, најголем дел од своето време го поминуваат токму во училиштето, тогаш тие имаат и свои потреби кои треба да им ги кажат на претпоставените, но немањето на форми за учество нив ги прави апатични, демотивирани и безгласни. Во целата ситуација многу е мала поддршката на наставниот кадар. Тие сметаат дека доволни се алатките за учество кои тие ги користат, а се базираат на неформални разговори или средби со директорите, наставниците и педагошко–психолошката служба. Генерално, ваква е состојбата со учеството на учениците во сите училишта во Македонија.
Изборот на претседател на класот е основната клетка на учење и практикување на демократијата во училиштето. Овај процес треба да биде, таен, фер, транспарентен, односно демократски. Во реалноста овој процес се одвива секундарно и најчесто е по предлог, односно сугестија, на класниот раководител. Ни тука младиот човек не е активен во одлучувањето. Младинските и студентските организации постојат како про-форма или параван позади кои се кријат возрасните кога треба да кажат дека ги консултирале младите за донесените одлуки кои ги засегаат нивните животи.
Нашите истражувања покажаа дека во Струга и понатаму нема детски и младински организации во училиштата, што говори токму дека младиот човек, кога треба да учи демократија е изолиран од изборната активност. Во очи на наредните Локални Избори во 2013, а се повеќе реални стануваат и предвремените Парламентарни Избори, повторно ќе се исправиме пред предизвикот како да спроведеме демекратски и фер избори. Но, како да очекуваме да се случи тоа кога младите не ги учиме дека при изборот на претседател на клас мора да има гласачка кутија, мора да има процес во кој секој ученик трба да заокружи гласачко ливче и тајно да гласа за својот фаворит!
Дури и Комитетот за правата на детето при Обединетите нации забележува дека во Македонија потребно е да се подобри учеството на младите во одлучувањето во училиштата како институција каде што децата најмногу го поминуваат своето време. Препораките се дека државните институции, Владата, Министерствата, Националната комисија за правата на детето, наставничкиот и раководниот кадар од училиштата, претставници од локалните самоуправи треба да извршат запознавање и спроведување на правото на учество на децата и младите во донесувањето одлуки, како за возрасните, така и за младите.
Училиштата треба да ја преземат улогата на носители на активностите за едукација на децата по однос на ова право, да обезбедат структурирани форми во кои учениците мора да бидат консултирани. Во овој контекст мора да се врати стариот механизам за задолжително учество на претставници на учениците во работата на наставничките совети. Како поинаку децата ќе ги учиме за демократија, демократско однесување, за правото да бираат, да бидат бирани, да бидат прашани и да прашаат за проблемите кои се од нивни интерес кога токму во училиштата немаат право на глас, немаат свои организации кои би ги преставувале, немаат право да учествуваат во донесувањето на одлуки кои се однесуваат на нив.
Немајќи пример на демократско учество во раната возраст, младите кои се иднината на нашата држава, во понатамошниот развој лесно стануваат „полтрони“ на одредени структури, политички и општествени, преку кои може лесно да се манипулира. Воспоставувањето и функционирањето на училишните организации во основните и средните училишта има за цел да се унапреди младинскиот активизам во училиштето, но и да се обезбеди здружување на децата во училишниот живот и нивното вклучување во процесите на донесување на одлуки кои директно ги засегаат нив.
За да се овозможи ова неопходно е да се направат промени во законите за Основно и Средно образование, доколку сакаме да ги едуцираме сите ученици, но и да му го обезбедиме нивното право на учество кое е загарантирано и со Конвенцијата за правата на детето од Обединетите нации. Во меѓувреме, под итно е потребно институциите на системот, вклучувајќи го и невладиниот сектор, активно да се залагаат за подигнување на свеста кај младиот човек од рана возраст, за значењето на демократските процеси, со цел да се гради демократската култура кај децата за да се развиваат идни активни, а не пасивни граѓани на ова општество! Тоа несомнено ќе ни треба за поуспешна имплементација на демократија во македонското општество.
Ако младите ученици, најголем дел од своето време го поминуваат токму во училиштето, тогаш тие имаат и свои потреби кои треба да им ги кажат на претпоставените, но немањето на форми за учество нив ги прави апатични, демотивирани и безгласни.
Етимолошки, демократијата потекнува од грчките зборови demos што значи народ и kratia што значи владеење или владеење на народот. Школски, демократија се дели на директна или непосредна и репрезентативна, претставничка демократија.
Јас би говорел за директната демократија, која треба да им обезбеди на сите млади луѓе, да бидат прашани и да прашаат, да бидат избрани и да имаат можност да избираат, да носат одлуки и да одлучуваат, да влијаат врз одлуките и да не бидат пасивни набљудувачи на општествените процеси.
Ги едуцираме ли доволно македонските млади за демократијата, за нивното право да бидат прашани, да одлучуваат и да избираат? Ја знаат ли младите луѓе обврската и потребата да се вклучени во изборниот демократски процес на бирање и одлучување за неговата иднина и за негово подобро утре?
Досегашното искуство и нашите истражувања покажаа дека практиката да се консултираат младите луѓе (деца - ученици) при донесување на одлуки кои нив директно ги засегаат, како на локално така и на национално ниво, се уште не е воспоставена. Во училиштата, средни и основни, младите во многу мал број знаат за можностите да бидат вклучени во донесувањето на одлуки. Практиката покажува дека тие се консултирани за тоа каква униформа да носат, кој да им пее на матурска вечер, каде да се оди на неделна екскурзија. Жалосно е тоа што возрасните ова вклучување го сметаат за учество, гордеејќи се што им ги обезбедуваат ваквите можности за учество на учениците. Но проблемот кои го имаат младите е како и каде да се каже училишниот или студентски проблем, кому, кога....? Ако младите ученици, најголем дел од своето време го поминуваат токму во училиштето, тогаш тие имаат и свои потреби кои треба да им ги кажат на претпоставените, но немањето на форми за учество нив ги прави апатични, демотивирани и безгласни. Во целата ситуација многу е мала поддршката на наставниот кадар. Тие сметаат дека доволни се алатките за учество кои тие ги користат, а се базираат на неформални разговори или средби со директорите, наставниците и педагошко–психолошката служба. Генерално, ваква е состојбата со учеството на учениците во сите училишта во Македонија.
Младинските и студентските организации постојат како про-форма или параван позади кои се кријат возрасните кога треба да кажат дека ги консултирале младите за донесените одлуки кои ги засегаат нивните животи.
Изборот на претседател на класот е основната клетка на учење и практикување на демократијата во училиштето. Овај процес треба да биде, таен, фер, транспарентен, односно демократски. Во реалноста овој процес се одвива секундарно и најчесто е по предлог, односно сугестија, на класниот раководител. Ни тука младиот човек не е активен во одлучувањето. Младинските и студентските организации постојат како про-форма или параван позади кои се кријат возрасните кога треба да кажат дека ги консултирале младите за донесените одлуки кои ги засегаат нивните животи.
Нашите истражувања покажаа дека во Струга и понатаму нема детски и младински организации во училиштата, што говори токму дека младиот човек, кога треба да учи демократија е изолиран од изборната активност. Во очи на наредните Локални Избори во 2013, а се повеќе реални стануваат и предвремените Парламентарни Избори, повторно ќе се исправиме пред предизвикот како да спроведеме демекратски и фер избори. Но, како да очекуваме да се случи тоа кога младите не ги учиме дека при изборот на претседател на клас мора да има гласачка кутија, мора да има процес во кој секој ученик трба да заокружи гласачко ливче и тајно да гласа за својот фаворит!
Дури и Комитетот за правата на детето при Обединетите нации забележува дека во Македонија потребно е да се подобри учеството на младите во одлучувањето во училиштата како институција каде што децата најмногу го поминуваат своето време. Препораките се дека државните институции, Владата, Министерствата, Националната комисија за правата на детето, наставничкиот и раководниот кадар од училиштата, претставници од локалните самоуправи треба да извршат запознавање и спроведување на правото на учество на децата и младите во донесувањето одлуки, како за возрасните, така и за младите.
Како поинаку децата ќе ги учиме за демократија, демократско однесување, за правото да бираат, да бидат бирани, да бидат прашани и да прашаат за проблемите кои се од нивни интерес кога токму во училиштата немаат право на глас, немаат свои организации кои би ги преставувале, немаат право да учествуваат во донесувањето на одлуки кои се однесуваат на нив.