Достапни линкови

Политиката ќе бира претставници на младите


Предлог-законот за млади има недемократски и неефективни одредби и е изготвен нетранспарентно, реагираат дел од младинските организации.

Маријан Забрчанец од Младинскиот образовен форум се жали дека тие не биле консултирани при изработката на законот. Тој информира дека 35 младински организации ги испратиле своите забелешки на предлог-законот до сите пратеници, градоначалници и до сите претседатели на Советите на општините.

„Бараме процесот да биде отворен за јавноста, да се вклучат младинските организации во креирање на законските решенија со цел да добиеме квалитетни, демократски и ефективни решенија и овој предлог закон во ваква форма и ваква содржина да не се усвојува од страна на Собранието на РМ.“
Бараме процесот да биде отворен за јавноста, да се вклучат младинските организации во креирање на законските решенија, и овој предлог закон во ваква форма и ваква содржина да не се усвојува од страна на Собранието на РМ.

Според текстот на законот, советите на општините ќе ги бираат претставниците во локалните совети за млади, а владата предлага најголем дел од членовите во Државниот совет за млади. Дел од младинските и граѓански организации забележуваат дека ако се усвои овој закон, државата ќе ги стави под контрола Локалните и Државниот совет за млади.

„Ние сме свесни дека советниците во општините најчесто се членови на политички партии, па се поставува прашање кого ќе избере мнозинството од тие општински совети како претставник на младите со што повторно се доведуваме во ситуација идните локални младински совети да бидат партиски контролирани и повеќе да се залагаат за интересите на политичките партии, наместо за интересите на младите. Од друга страна, уште пострашно, Државниот младински совет како тело кое би требало да ги застапува ставовите на младите на национално ниво, половина или повеќе од половина од членовите на Државниот младински совет се претставници на Владата, а се избираат од Собранието. Повторно, претставниците на младите нема да бидат избрани директно од младите и за нивните интереси ќе се залагаат претставници на министерствата и на владата наместо самите млади“, вели Забрчанец.


Тие забележуваат и дека државата предвидува премалку пари недоволни за функционирање на Државениот совет за млади, дека има недоречености во однос на регулирањето на младинските организации и законот е спротивен на препораките на Советот на Европа.

Од друга страна, Зоран Илиоски од Коалицијата на младински организации Сега, вели дека предлог-законот е добар.
Она што се однесува конкретно на деловите кои што ги содржи се дел од барањата кои се пренесени преку трибините, јавните дебати кои ги пренесоа младите на локално ниво.

„Она што се однесува конкретно на деловите кои што ги содржи се дел од барањата кои се пренесени преку трибините, јавните дебати кои ги пренесоа младите на локално ниво, претставници на образовните и локалните институции и тоа се препораки во насока на тоа што би требало да се направи за да се подобри младинското организирање и учество во Македонија.“

Илиоски вели дека тие ги доставиле нивните истражувања и забелешките од јавните дискусии до Агенцијата за млади и спорт и оти тие нивни сугестии влегле во законот.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG