Охридската опозиција реагира на новата систематизација во локалната самоуправа. Според нив од постоечките девет сектори, сега општината ќе има 12 сектори, а со тоа и потреба од нови трошоци во своето функционирање. Дел од секторот за општи работи ќе биде во одделението за јавни набавки кој досега беше дел од секторот за финансии. Од досегашниот сектор за урбанизам и животна средина ќе произлезат два нови сектори, сектор за урбанизам и градежно земјиште и сектор за животна средина кој во иднина ќе го решава третирањето на отпадот, а новитет ќе биде и секторот за култура и соработка со УНЕСКО и сектор за млади спорт и невладини организации.
Томислав Тунтев советник на СДСМ вели дека главната цел е да се задоволат апетитите на одреден број партиски војници.
„Првата причина е зголемувањето на бројот на секторите од девет на дванаесет а, со тоа се зголемува и на бројот на одделенијата. Нашето мислење е дека со тоа се сака да се задоволат апетитите на неколку партиски војници што треба да станат раководители на тие сектори на одделенија, а дека всушност во ефикасноста на работењето нема да се добие многу. Сведоци сме дека и покрај изјавите на градските власти дека се работи за гломазна и неефикасна општинска администрација, одеднаш добиваме предлог за зголемувањето на секторите и одделенијата“, вели Тунтев.
Советниците од локалната власт велат дека новата систематизација е одлично решение. Дејан Пановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ вели:
„Новата систематизација во Локалната самоуправа e досега најголема реформа во Охрид. Очекувам со оваа реформа да се подобри функционалноста на Општината пред се во интерес на граѓаните. Исто така новите сектори за меѓународни односи и соработка со УНЕСКО очекувам да ја зајакнат меѓународната улога и значење на Охрид и да обезбедат подобра координација со меѓународните организации. Ова е реформа која може да води до обезбедување на позитивниот пресврт за Охрид“, истакна Пановски.
Димитар Спасевски секретар во локалната самоуправа во Охрид вели дека се одлучиле на овој чекор поради обемната администрација и нејзината несоодветна распределба. Според него тие наследиле превработеност со 276 државни службеници сконцентрирани во 8 сектори и локалниот инспекторат.
„Од тие причини се прави проширување во организацијата по што ќе направиме правилна систематизација каде ќе дојде до проширување на секторите. Се работи за секторот за правни и општи работи кој досега функционираше како едно, по новата одлука на советот на општина Охрид ќе се подели на два, сектор за правни работи кој строго ќе биде насочен кон правните активности, а секторот за општи работи ќе си ги покрие деловите кои досега беа несуштински за заедничкиот сектори на овој начин ќе се обезбеди поголема ефикасност“, рече Спасески.
Но опозицијата се сомнева во исправноста на ваквата одлука.
Првата причина е зголемувањето на бројот на секторите од девет на дванаесет а, со тоа се зголемува и на бројот на одделенијата. Нашето мислење е дека со тоа се сака да се задоволат апетитите на неколку партиски војници што треба да станат раководители на тие сектори на одделенија, а дека всушност во ефикасноста на работењето нема да се добие многу.Томислав Тунтев, советник на СДСМ.
Томислав Тунтев советник на СДСМ вели дека главната цел е да се задоволат апетитите на одреден број партиски војници.
„Првата причина е зголемувањето на бројот на секторите од девет на дванаесет а, со тоа се зголемува и на бројот на одделенијата. Нашето мислење е дека со тоа се сака да се задоволат апетитите на неколку партиски војници што треба да станат раководители на тие сектори на одделенија, а дека всушност во ефикасноста на работењето нема да се добие многу. Сведоци сме дека и покрај изјавите на градските власти дека се работи за гломазна и неефикасна општинска администрација, одеднаш добиваме предлог за зголемувањето на секторите и одделенијата“, вели Тунтев.
Советниците од локалната власт велат дека новата систематизација е одлично решение. Дејан Пановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ вели:
Новата систематизација во Локалната самоуправа e досега најголема реформа во Охрид. Очекувам со оваа реформа да се подобри функционалноста на Општината пред се во интерес на граѓаните.Дејан Пановски, советник на ВМРО-ДПМНЕ.