Голем број на граѓани меѓу кои има многу членови на СДСМ од Охрид кои се вработени по општинските јавни институции и локалната самоуправа се шиканирани, им се прави огоромен притисок, им се дават непринципиелни предлози и се под големи влијанија обвини новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев при неговата посета на Охрид и средбата со локалното раководство на партијата. Ако во одредени случаи има индикации за пречки во работењето, судските инстанци се тие кои ќе ги разрешат тие случаи и за кои ќе донесат соодветни пресуди, рече Заев.
„Но она што денеска голем број на граѓани и членови на СДСМ го соопштуваат со солзи во очите низ што се поминуваат не е во ред. Многу граѓани кои немаат своја членска книшка, а се вработени во образовните институции, локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем број се принудени да поднесат оставки од своите места, многу луѓе кои немаат до крај регулиран работен однос се повикувани на информативни разговори. Дел од нив се принудувани да поднесат изјава дека сами бараат да одат во полиција и да соопштат,“ рече Заев.
Заев рече дека на сите им нуди соодветна правна заштита со помош на адвокатски тимови на партијата на централно ниво и од Охрид кои им стоеле на располагање на граѓаните.
Експресно врати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
„Заев требаше да се грижи за градот Охрид и вработените во Локалната самоуправа во времето кога неговиот другар и партиски колега Александар Петрески во градот Охрид и Локалната самоуправа направи тотална дезинтеграција на системот и хаос и нанесе децениска и милениумска штета на оваа Локална самоуправа“ рече Бакрачески.
Актуелно деновиве е чешлањето на работењето на локалната самоуправа од страна на државнито завод за ревизија, но и од други државни институции кои го утврдуваат вистинскиот долг на општината кој се проценува на околу 50 милиони евра.
„Можам да кажам дека управувањето и раководењето со Локалната самоуправа е комплексен процес кој подразбира низа мерки и активности кои се насочени во прв ред на почитување на редот и дисциплината на организацијата на работното место, на спроведување на профрамските определби и задачи на Општина Охрид се со цел интересот на граѓаните на Општина Охрид да е ставен на прв план“, кажа градоначалникот.
Заев рече дека на последната средба со премиерот Никола Груевски разговарале и за последните случувања во Охрид, но не сакаше да соопштува детали од тој разговор.
Многу граѓани кои немаат своја членска книшка, а се вработени во образовните институции, локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем број се принудени да поднесат оставки од своите места, многу луѓе кои немаат до крај регулиран работен однос се повикувани на информативни разговори.Зоран Заев, претседател на СДСМ.
„Но она што денеска голем број на граѓани и членови на СДСМ го соопштуваат со солзи во очите низ што се поминуваат не е во ред. Многу граѓани кои немаат своја членска книшка, а се вработени во образовните институции, локалните јавни претпријатија се деградирани од своите места, голем број се принудени да поднесат оставки од своите места, многу луѓе кои немаат до крај регулиран работен однос се повикувани на информативни разговори. Дел од нив се принудувани да поднесат изјава дека сами бараат да одат во полиција и да соопштат,“ рече Заев.
Заев рече дека на сите им нуди соодветна правна заштита со помош на адвокатски тимови на партијата на централно ниво и од Охрид кои им стоеле на располагање на граѓаните.
Експресно врати градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Можам да кажам дека управувањето и раководењето со Локалната самоуправа е комплексен процес кој подразбира низа мерки и активности кои се насочени во прв ред на почитување на редот и дисциплината на организацијата на работното место.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.