Новиот охридски градоначалник Никола Бакрачески за Радио Слободна Европа вели дека ќе реализира сè што ветил во предизборната кампања и оти ниту еден проект нема да биде изоставен.
Се работи на утврдување на листа на приоритетни проекти кои со одредена динамика ќе почнат да се реализираат наскоро. Првично ќе се санираат оштетените улици во градот, а ќе се асфалтираат нови улици непосредно пред почетокот на туристичката сезона. Катната гаража, затворениот пливачки базен, автобуската станица, како проекти се ве програмата за реализација, вели Бакрачески и тие нема да бидат заборавени.
„Формирани се стручни тимови во делот на урбанизам и секторот за комунални услуги и сообраќај во кои што интензивно ќе се работи на создавање на предуслови за реализација на тие големи проекти. Ќе имаме средба со Агенција за спорт и млади за да ги направиме финалните разговори за отпочнување со изградба на затворениот пливачки базен. Сметам дека многу брзо ќе започнеме со реализација на овие проекти“, рече Бакрачески.
Тој вели дека во тек се подготовки и средби за отпочнување со реализација на проектот Сахаријан Македонија на Индиецот Субрата Рој и дека во ниту еден момент не е доведена под знак прашање реализацијата на овој проект. Бакрачески најавува дека во текот на месец мај Државниот завод за ревизија ќе изврши вонредна ревизија на работењето на локалната самоуправа во периодот од 2011 до 2012 година, бидејќи извештајот за 2010 година бил полош од негативен. Според Бакрачески, долгот само на општината се проценува некаде на 50 милиони евра, плус долговите на јавните претпријатија каде состојбата била повеќе од катастрофална.
„Тука зборуваме за доспеани обврски во кои влегуваат долгови по присилна наплата, утужени обврски, и ако на тоа ги додадеме недоспеаните обврски на локалната самоуправа, мислам дека според проценките на стручните служби ќе достигне околу 50 милиони евра, сума која е преголема за било кој град во Европа, а камоли за Охрид“ вели Бакрачески.
Тој посочува дека затекнал хаос во општината и оти првите две недели од работењето работи на средување на тој хаос и поставување на организациски работи. Предуслов за реализација на проектите ќе биде утврдување на точниот износ на долговите, репрограмирање на долговите, нивното враќање како и одблокирање на сметката.
Формирани се стручни тимови во делот на урбанизам и секторот за комунални услуги и сообраќај во кои што интензивно ќе се работи на создавање на предуслови за реализација на тие големи проекти.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.
Се работи на утврдување на листа на приоритетни проекти кои со одредена динамика ќе почнат да се реализираат наскоро. Првично ќе се санираат оштетените улици во градот, а ќе се асфалтираат нови улици непосредно пред почетокот на туристичката сезона. Катната гаража, затворениот пливачки базен, автобуската станица, како проекти се ве програмата за реализација, вели Бакрачески и тие нема да бидат заборавени.
„Формирани се стручни тимови во делот на урбанизам и секторот за комунални услуги и сообраќај во кои што интензивно ќе се работи на создавање на предуслови за реализација на тие големи проекти. Ќе имаме средба со Агенција за спорт и млади за да ги направиме финалните разговори за отпочнување со изградба на затворениот пливачки базен. Сметам дека многу брзо ќе започнеме со реализација на овие проекти“, рече Бакрачески.
Мислам дека според проценките на стручните служби ќе достигне околу 50 милиони евра, сума која е преголема за било кој град во Европа, а камоли за Охрид.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.