Прилепчанецот Целе Насески повеќе од три децении работи во прилепскиот загубар Еурокомпозит. Бидејќи во фабриката со години не се плаќаат навреме плати и придонеси, тој бил принуден да ја вложи својата животна заштеда од околу 2.000 евра за да ги започне прегледите и да му се изврши оперативен зафат, поради огромните проблеми со срцето. Вели дека 1,5 години потоа, по 2.000 денари најмалку тој троши за лекови, а плата не добива редовно, туку од време на време во фирмата им се исплаќаат паушали од 2.000 до 4.000 денари, не повеќе.
„Сега овие што ги земам за лекарства не ми стигнуваат, сега во моментов јас само за мене давам преку 2.000 денари само за лекови, без плата не знам како ќе излеземе на крај“, вели Насески.
Приказната на Насески ја делат многу други вработени. Расте бројот на оние кои се принудени и кои поднесуваат барања за технолошки вишок, за да може да се оперираат со партиципација и да ги избегнат огромните трошоци за приватно лекување, бидејќи сини картони една година не добиле.
„Газда на фабриката е државата, ако една куќа пропаѓа виновен е домаќинот, нели, апелирано е, пратени се дописи не знам колку, луѓе не оди работава, нешто правете, сменете менаџерски тимови, донесете било кој само нека оди фирмава во позитивен правец“, истакнува Златко Петрески, член на синдикалната организација.
Вработените се разочарани не само од раководството, туку и од последната средба со министерот за економија Ваљон Сарачини, на која, велат од синдикатот, не добиле никакви конкретни ветувања и одговори, дали и кога ќе им биде исплатена плата и дали ќе се обезбеди континуирана работа за фабриката.
„Моменталната ситуација во Еуркомпозит е претешка од оној момент кога влеговме во генерален штрајк, напомнав дека седумдневен е штрајкот, вработените се револтирани многу, револтот е изразен до таа граница што може да излезе генералниот штрајк од контрола“, вели првиот синдикалец Бранко Чатлески.
В недела им е ветена средба со премиерот Никола Груевски, очекуваат дека барем ќе им биде јасно што ќе се случува со единствената фабрика за наменско производство за потребите на одбраната и безбедноста на државата. Според директорот Никола Лучески, стратегијата за загубарот е продажба на стратегиски инвеститор, но сè уште заинтересиран купувач не се јавил на тендер.
Газда на фабриката е државата, ако една куќа пропаѓа виновен е домаќинот, нели, апелирано е, пратени се дописи не знам колку, луѓе не оди работава, нешто правете, сменете менаџерски тимови, донесете било кој само нека оди фирмава во позитивен правец.Златко Петрески, член на синдикалната организација во Еурокомпозит.
Приказната на Насески ја делат многу други вработени. Расте бројот на оние кои се принудени и кои поднесуваат барања за технолошки вишок, за да може да се оперираат со партиципација и да ги избегнат огромните трошоци за приватно лекување, бидејќи сини картони една година не добиле.
Вработените се револтирани многу, револтот е изразен до таа граница што може да излезе генералниот штрајк од контрола.Бранко Чатлески, претседател на синдикалната организација во Еурокомпозит.