Достапни линкови

Подобро загубарите да се продадат за ич пари, отколку да таложат долгови


Архивска фотографија: Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.
Архивска фотографија: Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.

Власта по десети пат се обидува да ја продаде фабриката ОХИС, но работниците веќе не се надеваат на брзо решение.

Подобро е Владата да ги продаде загубарите по ниски цени отколку да ги задржи како трошок кој се покрива со народни пари, порачуваат дел од упатените. Но колку пари се трошат за потребите на државните загубари? Благоја Неделковски од ОХИС вели дека последниот приход го добиле пред 6 месеци.
Пред едно шест месеци бевме на малтене едно исто дереџе па владата излезе во пресрет и ни префрли една плата, меѓутоа од тогаш наваму немаме никаква помош од владата.
Благоја Неделковски, ОХИС.

„Пред едно шест месеци бевме на малтене едно исто дереџе па владата излезе во пресрет и ни префрли една плата, меѓутоа од тогаш наваму немаме никаква помош од владата.“
Фабриката ОХИС.
Фабриката ОХИС.

Власта се обидува по десети пат да ја продаде фабриката, но според Неделковски, работниците не се надеваат на брзо решение.

„Очекувањата од новиот тендер се да не кажам никакви. Сега е и време на празници и инвеститорите не ни може да се јават да учествуваат на овој брз, скратен тендер, така што агонијата ни е сè поголема и поголема“, вели Благоја Неделковски од ОХИС
Понуда за финансиска помош на работниците нема од страна на владата,а исто така не се презема ништо на ниво на претпријатие, односно нема процес на производство којшто би донел пари за исплата на некакви парични средства на работниците.
Пеце Ристевски, Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Пеце Ристевски од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство вели дека вработените во ОХИС заклучно со ноември немаат земено 16 плати.

„Како резултат на тоа, нити се здравствено осигурани, а ваквите здравствени услуги мора да ги плаќаат и во услови кога нема плата. Значи понуда за финансиска помош на работниците нема од страна на владата,а исто така не се презема ништо на ниво на претпријатие, односно нема процес на производство којшто би донел пари за исплата на некакви парични средства на работниците.“

Вработените во континуитет протестираат, потсетува Ристевски.

„Полни два месеци протестираат пред владата, со мали прекини кога протестот се префрлаше внатре во кругот на претпријатието“, вели Ристевски.

Решение за фирмите загубари е да се продадат по ниски цени, со цел да се тргнат од грбот, не само на државата, туку и на даночните обврзници, преку чии давачки се покриваат трошоците за овие компании, смета економскиот аналитичар Висар Адеми.

„Поради тоа што граѓаните секако ги плаќаат овие загубари преку сите бенефиции што работниците ги користат затоа што владата е главен акционер таму и секој месец треба да издвои дел од парите од јавниот буџет за да ги покрие тие трошоци“, вели Адеми.

Пред неполн месец владата направи обид за чистење на долговите на две фирми загубари. Комисијата за хартии од вредност дозволи издавање акции на „11 Октомври – Еурокомпозит“ во износ од 1,1 милион евра и истовремено се издаде нова емисија на акции и за охридски ЕМО – тешка 4,4 милиони евра. Токму за овие суми во двата загубари Владата го намали долгот со тоа што го претвори во траен влог.
XS
SM
MD
LG