Прилепчанката Роза Станкоска е пензиониран работник на Тутунски комбинат. Вели ниту еден ден не отсуствувала од работа, а добила професионална болест, па денес мора постојано да прима лекови. Со пензијата таа ја обезбедува егзистенцијата на своите деца и внуци, кои се без работа.
„Таму грлото го оставив од прашина, еден ден немам останато на одмор. И сакам акциите да бидат на сите вработени, а не да ги зема државата. Секој сака пари денеска, имаме деца, некои не се вработени“, се жали Станкоска.
И нејзината пријателка Слободанка Кочоска, која живее со пензијата од нејзиниот сопруг, поранешен работник на комбинатот ги вложува сите напори да обезбеди подобра егзистенција на целото семејство.
„Да ни се платат акциите, но колку ќе ни се плати не знам, тоа Владата знае. Сто и дваесет акции имаше мажот ми кој сега е починат. Сега децата се невработени, јас на една плата, сите со мојата плата живееме“, вели Кочоска.
Стеван Бошкоски е исто така пензиониран работник, а порано бил еден од основачите на ДООЕЛ Стандард. Тој свежо се сеќава на убавите денови.
„Оваа сала е наше дело на Стандард, на комбинатот, хотели во Охрид, хотели на море, детска градинка меѓу првите во Македонија кога бил Ченто претседател. Три илјади вработени имаше, овде се одеше со смеа, шега, секој работник мислам беше задоволен.“
Овие тројца и уште многу други сегашни, поранешни вработени и пензионери се сопственици на 281.669 акции по номинална вредност од преку 50 евра. Вака било од почетокот, велат во Комбинатот до денес. Но, со секоја конверзија на побарувањата на државата во траен влог во оваа компанија, се намалува процентуално учеството на акционерите во вкупната структура на капиталот.
„Со ова зголемување од 32 милиони евра, акционерскиот капитал на друштвото, учеството на тој капитал изнесува 11, 35%,а претходно беше 15 % . Државата во вкупниот капитал на друштвото учествува со 79.49 %, односно сега државата со новоемитуваните акции има 100.888.335 евра“, објаснува Гоце Тодороски, претседавач на акционерското собрание, кое се одржа деновиве, зашто Владата донесе одлука, државата да му ги прости долговите на Комбинатот врз основа на неплатени даноци и придонеси во висина од 32 милиони евра.
Оваа конверзија за прилепските социјалдемократи значи уште едно обезвреднување на имотот на акционерите.
„Ова свесно уништување на капиталот е со единствена цел, обезвреднување на капиталот и потоа продавање на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ“, обвинува Илија Јованоски, лидер на прилепските социјалдемократи.
Од Комбинатот тврдат дека со последната конверзија, компанијата нема обврски кон државата и дека на овој начин е поподготвена за продажба на стратегисти инвеститор. Но, менаџерите на комбинатот не соопштуваат детали, каква е сега ситуацијата. Велат дека комбинатот вреди 126 милиони евра, има над 1.000 работници и тврдат дека нивниот став е сите вработени да останат на работа.
Засега најсериозен интерес покажаа кинеските партнери. Деновиве во неофицијална посета на компанијатра беше и кинескиот амбасадор. Според најавите, до средината на септември, можеби и порано, се очекува токму посета на кинеските партнери, за кои се произведуваат два лиценцирани бренда цигари.
Овој прилепски загубар, според владината одлука заедно со останатите три: ОХИС, ЕМО и Еурокомпозит ќе се продаваат на тендер. Но, како и кога, не може да се прогнозира. Очигледно е дека поголем број од пензионираните акционери, со нетрпение очекуваат да ги продадат своите акции, за да дојдат до денар повеќе. Но, вработените стравуваат за нивната работна судбина, со новиот сопственик.
Таму грлото го оставив од прашина, еден ден немам останато на одмор. И сакам акциите да бидат на сите вработени, а не да ги зема државата. Секој сака пари денеска, имаме деца, некои не се вработени.Роза Станкоска, пензиониран работник на Тутунски комбинат.
„Таму грлото го оставив од прашина, еден ден немам останато на одмор. И сакам акциите да бидат на сите вработени, а не да ги зема државата. Секој сака пари денеска, имаме деца, некои не се вработени“, се жали Станкоска.
И нејзината пријателка Слободанка Кочоска, која живее со пензијата од нејзиниот сопруг, поранешен работник на комбинатот ги вложува сите напори да обезбеди подобра егзистенција на целото семејство.
„Да ни се платат акциите, но колку ќе ни се плати не знам, тоа Владата знае. Сто и дваесет акции имаше мажот ми кој сега е починат. Сега децата се невработени, јас на една плата, сите со мојата плата живееме“, вели Кочоска.
Ова свесно уништување на капиталот е со единствена цел, обезвреднување на капиталот и потоа продавање на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.Илија Јованоски, СДСМ-Прилеп.