Смртноста поврзана со пушењето во изминатава декада беше за три пати поголема од претходната. Ова се наведува во извештајот на Светската белодробна фондација во кој се додава дека во истовреме големите тутунски компании ги поткопуваат напорите кои можат да спасат милиони луѓе.
Во извештајот по повод десет годишнината од првиот Тутунски Атлас, Светската белодробна фондација наведува дека доколку ваквите трендови продолжат, во овој век ќе умрат милијарда луѓе како последица на пушењето или изложеноста на чадот од пушење. Со други зборови едно лице на шест секунди. Во изминативе 10 години тутунот уби 50 милиони луѓе, или тој е одговорен за смртта на 10 насто од сите умирања во светот во тој период.
Во Кина тутунот е убиец број еден, однесувајќи над милион и двеста човечки животи годишно. Тој број до 2030 година се очекува да биде околу 3 ипол милиони.
„Доколку не дејствуваме, проекциите за во иднина се многу поморбидни. Најзагрозени се земјите во развој, посебно во Азија, Блискиот Исток и Африка“, вели Мајкл Ериксен, директор на Институтот за јавно здравство на Државниот Универзитет во Џорџија.
Скоро 80 проценти од луѓето кои умираат од заболувања поврзани со тутунот се од земји со ниски примања.
Во Турција, скоро 38 насто од смртните случаи кај мажите се поврзани со пушењето. Тутунот исто
Мајкл Ериксен, директор на Институтот за јавно здравство на Државниот Универзитет во Џорџија.така останува најголемиот убиец на американските жени.
Извршниот директор на Светската белодробна фондација Петер Балдини ја обвинува тутунската индустрија за игнорантски однос спрема вистинските ефекти од пушењето. Според него, оваа индустрија ја интензивира борбата против антипушачките политики, покренувајќи законски постапки кои го одложуваат спроведувањето на одредени закони.
Шестте најголеми тутунски компании во 2010 година заработија над 35 милијарди долари, што е скоро ист профит што заеднички го остварија Кока Кола, Мајкросфт и Мекдоналдс. Пушењето предизвикува рак на белите дробови, како и неколку други хронични дишни заболувања и е голем ризичен фактор за срцевите заболувања. Повеќе од 170 земји ја имаат потпишано конвенцијата на Светската здравствена организација со која се обврзуваат на мерки за ограничување на пушењето.
Генералниот директор на Организацијата Маргарет Чен вели дека благодарение на оваа конвенција над милијарда луѓе биле опфатени со некоја од анти пушачките мерки.
„Ние мора да не и дозволиме на тутунската индустрија да крене глава“, вели таа, додавајќи: „Тутунот е убиец. Не треба да биде рекламиран, субвенциониран или гламоризиран.“
Во овој век ќе умрат милијарда луѓе како последица на пушењето или изложеноста на чадот од пушење. Со други зборови едно лице на шест секунди.Извештај на Светска белодробна фондација.
Во извештајот по повод десет годишнината од првиот Тутунски Атлас, Светската белодробна фондација наведува дека доколку ваквите трендови продолжат, во овој век ќе умрат милијарда луѓе како последица на пушењето или изложеноста на чадот од пушење. Со други зборови едно лице на шест секунди. Во изминативе 10 години тутунот уби 50 милиони луѓе, или тој е одговорен за смртта на 10 насто од сите умирања во светот во тој период.
Во Кина тутунот е убиец број еден, однесувајќи над милион и двеста човечки животи годишно. Тој број до 2030 година се очекува да биде околу 3 ипол милиони.
Доколку не дејствуваме, проекциите за во иднина се многу поморбидни. Најзагрозени се земјите во развој, посебно во Азија, Блискиот Исток и Африка.Мајкл Ериксен, Институт за јавно здравство на Државниот Универзитет во Џорџија.