Загубарите може да се спасат само ако пропаднат, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини. Министерството за економија денеска распиша тендер за продажба на 76,575 проценти од главнината на ОХИС. Овој загубар се продава во пакет со фирмите-ќерки и направените загуби од 23 милиони евра. Хајдредини е скептичен дека и овој, шести по ред обид за продажба на ОХИС ќе биде успешен.
„Можно е доколку направиле нешто задкулисно за овдешни субјекти да ги земат тие објекти со цел утре да ги претворат во градежно земјиште, за да прават други бизниси.“
РСЕ: Добро, нема ли ли некој начин да се спасат овие фирми?
„Па како да се спасат, 22 милиони кој треба да даде, 22 милиони ги даде инвеститорот во Алумина, затоа што земјиштето е атрактивно и ете сега тие градат таму. Само за пример, ОХИС има обврски од 22 милиони кон други добавувачи. Не создале ниту еден друг поволен услов за да некој дојде таму. И тоа така ќе оди додека не пропаднат комплет, како што пропадна Алумина, за да биде по цена која за некого е прифатлива. Таа агонија ќе трае и натаму“, вели Хајдредини.
На сличен став и бизнисменот Ристо Гуштеров. ОХИС е гигант што е граден во друго време, таму треба нова опрема, нови технологии, треба наново да се прави цел петрохемиски комбинат, а тоа нема кој да го купи, вели Гуштеров.
„Јас мислам дека ОХИС тешко ќе може да се приватизира. Најдобро ќе биде за ОХИС, државата да го земе под свое, да го реши социјалниот статус на вработените кои што се останати. Земјиштето да го направи градежно земјиште и да го продаде на слободниот пазар за градба на станови, односно индивидуални куќи.“
Владата претходно се откажа од парите што им ги должи ОХИС и ги претвори во удели за да ја направи фирмата поатрактивна за купувачите. При изборот на најповолен понудувач за купување на фабриката, најголем удел ќе има бонитетот на компанијата, инвестициите во првите пет години и бројот на дополнителни нови вработувања во првите три години и на крај е понудената цена. Ако фирмата купувач не се држи до преземените обврски ќе се активира банкарска гаранција од 1 милион евра. Министерот за економија Ваљон Сарачини веќе најави дека интерес за купување на загубарот покажале две бугарски и една домашна компанија.
22 милиони ги даде инвеститорот во Алумина, затоа што земјиштето е атрактивно и ете сега тие градат таму. Само за пример, ОХИС има обврски од 22 милиони кон други добавувачи. Не создале ниту еден друг поволен услов за да некој дојде таму. И тоа така ќе оди додека не пропаднат комплет, како што пропадна Алумина, за да биде по цена која за некого е прифатлива. Таа агонија ќе трае и натаму.Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии.
„Можно е доколку направиле нешто задкулисно за овдешни субјекти да ги земат тие објекти со цел утре да ги претворат во градежно земјиште, за да прават други бизниси.“
РСЕ: Добро, нема ли ли некој начин да се спасат овие фирми?
„Па како да се спасат, 22 милиони кој треба да даде, 22 милиони ги даде инвеститорот во Алумина, затоа што земјиштето е атрактивно и ете сега тие градат таму. Само за пример, ОХИС има обврски од 22 милиони кон други добавувачи. Не создале ниту еден друг поволен услов за да некој дојде таму. И тоа така ќе оди додека не пропаднат комплет, како што пропадна Алумина, за да биде по цена која за некого е прифатлива. Таа агонија ќе трае и натаму“, вели Хајдредини.
На сличен став и бизнисменот Ристо Гуштеров. ОХИС е гигант што е граден во друго време, таму треба нова опрема, нови технологии, треба наново да се прави цел петрохемиски комбинат, а тоа нема кој да го купи, вели Гуштеров.
Најдобро ќе биде за ОХИС, државата да го земе под свое, да го реши социјалниот статус на вработените кои што се останати. Земјиштето да го направи градежно земјиште.Ристо Гуштеров, бизнисмен.