Достапни линкови

Незаинтересираност за фирмите загубари


Тутунскиот комбинат Прилеп еден од загубарите
Тутунскиот комбинат Прилеп еден од загубарите

Над три илјади вработени во четирите фирми загубари со кои стопанисува државата, едвај преживуваат и бараат конечно решение на нивниот проблем.

Милионски долгови, превработеност, голем дел од вработените се на возраст над 50 години, многу работници со години се на принуден одмор – ова се дел од карактеристиките на четирите фирми загубари кои веќе неколку години државата не може да ги продаде. Станува збор за ОХИС, ЕМО, Еурокомпозит и Тутунски Комбинат – Прилеп, фирми каде што доминантен сопственик е државата. Во овие фирми се вработени повеќе од три илјади луѓе, број кој во дел од фирмите во последниве неколку години тивко се
Има расположение кај нас, со еден социјален пакет од неколку илјади евра да бидат испратени работниците како технолошки вишок.
намалува. Дел од вработените се жалат дека не им се платени придонеси, други дека и онака малата плата им доцни. Тие бараат помош од државата, да се погрижи за нив, да ги заштити.

Претседателот на Синдикатот на вработените во Еурокомпозит Борче Чотлески вели дека речеиси половина од 429 вработени се на принуден одмор зашто нема доволно работа за сите.

Половина од вработените во Еурокомпозит на принуден одмор

„Има расположение кај нас, со еден социјален пакет од неколку илјади евра да бидат испратени работниците како технолошки вишок.“

Тој додава дека најголемиот проблем за нив е нерешениот статус, не знаат што ќе се случи со фирмата, ни дали некогаш ќе се продаде и дали ќе останат на работа или ќе бидат прогласени за техношки вишок.
ОХИС е 90 посто државен капитал, тие упорно не одбиваат и не ни ги даваат тие пет илјади.


„Моментално сме ниту на небо, ниту на земја, но колкав може да биде успехот на државата која стопанисува со вакви фирми.“

Тој додава дека вработените во таа фирма земаат плата од 6 до 7 илјди денари, додека оние што се на принуден одмор добиваат речиси 80 евра.

Во 2009 година ОХИС, со социјални пакети, за една година го намалила бројот на вработени за 500. На честите протести на стечајците, незадоволство изразија и дел од луѓето кои се технолошки вишок од ОХИС.
Фабриката Еурокомпозит во Прилеп

„ОХИС е 90 посто државен капитал, тие упорно не одбиваат и не ни ги даваат тие пет илјади.“

„Прво агенцијата не одби, па труд и социјала не одби, па отидовме сега на Управен суд, така да од нас направија пинг понг топка“, велат работниците-технолошки вишок од ОХИС.
Ако веќе неможе државата да стопанисува, тогаш државата е задолежена бидејќи според Уставот сме социјална држава да обезбеди средства за социјални случаи, односно помош за оние кои на ваков начин ги оштетува.

Експертите сметаат дека државата треба да се обиде да стопанисува со загубарите за да се избегне проблемот со отпуштање на вработените или создавање на нови социјални случаи. Професор Здравко Савески вели дека не смее да се продадат фирмите по цена на кршење на работничките права.

„Ако веќе не може државата да стопанисува, тогаш државата е задолжена, бидејќи според Уставот сме социјална држава, да обезбеди средства за социјални случаи, односно помош за оние кои на ваков начин ги оштетува. Тие пари во буџетот ги има со пренаменување можат тие пари да се најдат.“

Савески вели дека во последните 7 години социјалната помош е намалена за 40 проценти, а воедно и секоја влада ги намалува работничките права во последниве 20 години.

Фирмите загубари до сега неколку пати беа дадени на тендер за продажба во пакет со вработените. Пред објавувањето на последниот тендер, минатата година Владата ангажирала консултански фирми на кои им било платено и неколку стотици илјади евра за да анализираат и да ги подготват фирмите за новите тендери, но и тој тендер по анализите пропадна.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG