Достапни линкови

Битола без полигон за полагање возачки испит


Битола.
Битола.

Секторот за управно-надзорни работи при МВР донесе решение за забрана за користење на полигонот поради неисполнување на пропишаните стандарди.

Општина Битола остана без полигон за полагање возачки испит, откако Секторот за управно-надзорни работи при МВР донесе решение за забрана за користење на теренот поради неисполнување на пропишаните стандарди. Решението беше донесено на 15 мај, оттогаш па наваму испитните центри немаат каде да го одржуваат практичниот дел од испитот, па кандидатите се упатуваат да полагаат на полигоните во соседните градови Прилеп и Ресен.
Кандидатите кои полагаат возачки испит наместо во својот роден град мораат да патуваат до Прилеп, да полагаат на изнајмени полигони за кои треба да платат дополнителни 1.000 денари, плус патните трошоци.
Горан Козаров, СДСМ.

„По добивањето на решението ние не спроведуваме практичен дел од испитот. Ние моментално немаме решение каде да ги спроведуваме испитите. Кандидатите да одат во Прилеп, во Ресен. Тоа се кандидати на кои им е потребна возачката дозвола и не можат да чекаат да се реши оваа состојба која можеби ќе потрае подолго време“, вели Ѓорги Тошев, управител на испитен центар од Битола.

Опозицијата обвини дека ваквата ситуација ќе ги изложи кандидатите за полагање на возачки испит на дополнителни трошоци.
Ние веќе имаме најдено локација во согласност со авто школите и сите кои се вклучени во овој процес.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Денес кандидатите кои полагаат возачки испит наместо во својот роден град мораат да патуваат до Прилеп, да полагаат на изнајмени полигони за кои треба да платат дополнителни 1.000 денари, плус патните трошоци. Годишно полагаат околу 1.800 лица и според одговорот на институциите дека Битола ќе добие нов полигон за една година, јасно е дека граѓаните од Битола од своите џебови ќе им платат дополнителни 1,8 милиони денари само за да платат такса за полагањето на тие полигони“, изјави Горан Козаров од СДСМ.

Од МВР велат дека полигонот не ги исполнува стандардите согласно техничките прописи за изградба на патишта и нема соодветна сигнализација. Дека решението е времено и се чека донесување на ДУП, градежна маркица и инвеститор.

„Очекувам после донесувањето на ДУП од наша страна, дека легитимно ќе може инвеститорот да инвестира, а ние веќе имаме најдено локација во согласност со авто школите и сите кои се вклучени во овој процес“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG