Достапни линкови

Битолчани не сакаат катна гаража во нивно маало


Паркинг во Битола.
Паркинг во Битола.

Жители од центарот на Битола не се согласуваат со изградба на катна гаража во строгиот центар, во близина на Широк Сокак.

Жители од централното градско подрачје во Битола не се согласуваат со изградба на катна гаража во строгиот центар зад зградите на улицата Борис Кидрич, во близина на Широк Сокак. Велат дека со фреквенција од 600 возила во текот на денот ќе им се наруши мирот, а издувните гасови ќе им го загрозат здравјето. Местото нема провев, туку од сите страни е заградено со згради и куќи.
Писмата се анонимно доставени до сите поштенски сандачиња, меѓутоа има доста децидна содржина, дури има и извадок од деталниот урбанистички план, имаме информација дека наскоро ќе се започне со градба на катната гаража.
Граѓанин на Битола.

Станарите неодамна добија анонимни писма во поштенските сандачиња во кои пишува дека општината ја обновила постапката за измена на деталниот урбанистички план со што се предвидува изградба на катна гаража позади нивните станови. Станарите се заканија дека градбата ќе ја спречат со жив штит.

„Писмата се анонимно доставени до сите поштенски сандачиња, меѓутоа има доста децидна содржина, дури има и извадок од деталниот урбанистички план, имаме информација дека наскоро ќе се започне со градба на катната гаража.“

„Им го земаме на дечињата местото за игра.“

„Издувните гасови се многу потешки отколку другиот гас, а сето тоа ќе стои овде, па ние за 10 до 15 години ќе испоумреме од рак.“

„Разни миризби, тука по 600 возила преку денот да минуваат. Ќе направиме жив штит, па ако сакаат нека газат над нас“, реагираат станарите.

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески смета дека ваквите собири се избрзани зашто изградба на катна гаража нема да се случи за скоро, општината сè уште не добила согласност од Министерството за транспорт и врски.

Според идејата што општина Битола ја презентираше пред две години, во центарот на градот треба да се изградат подземни и надземни гаражи. На плоштадот Гоце Делчев треба да никнат два подземни ката со паркинзи и деловни објекти. Надземните гаражи ќе се градат во непосредна близина, поточно зад хотелот „Македонија“. Општината само треба да донесе детален урбанистички план за тоа, односно да создаде услови за градба, а потоа ќе се најде инвеститор. Двата паркинг простора треба да собираат 1.000 возила со што ќе се растовари сообраќајот во централното градско подрачје.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG