Раздвижување на берзата очекуваат експертите по мерката на владата за задолжителна котација на 30 македонски фирми. Но, порачуваат дека за тоа е потребно време. Засега на берзата се тргуваше само со акциите на Македонски телеком за кои и претходно имаше интерес.
Извршниот директор на КБ Публикум, Горан Марковски, вели дека единствената промена со задолжителната котација е тоа што компаниите сега мора да го објавуваат нивното работење и план. Според него, се работи за долгорочна мерка, која ќе има ефект кога повторно ќе се актуелизира инвестирањето на берза.
„И досега имаше доволно интересни компании кои се вредни за инвестирање, меѓутоа интересот недостасува, односно не постои доволна побарувачка, и конкретно, најголемиот проблем е што недостасуваат институционални инвеститори и што недостасуваат странските инвеститори коишто беа главните придвижувачи на Македонската берза“, вели Марковски.
И брокерот Јованче Тасковски вели дека мерката е позитивна, бидејќи се зголемува транспарентноста на компаниите за постојните акционери и потенцијалните инвеститори со што полесно ќе имаат пристап до свеж капитал.
„Капиталот којшто тие досега го земаа од банките беше оптоварен со каматни стапки. Овде, доколку ја зголемат транспарентноста, доколку изложат планови што ќе значат профит, многу полесно ќе ги придобијат инвеститорите да инвестираат во нивната компанија преку нова емисија на акции, преку издавање на корпоративни обврзници“, вели тој.
Тасковски додава дека е рано да се зборува за интересот на инвеститорите.
„Додека инвеститорите не видат први биланси, иако се тие неревидирани, сигурно е дека срамежливо ќе гледаат и ќе одат секако на посигурни компании, така што сигурно во следните три до шест месеци ќе нема некое поголемо раздвижување“, вели Тасковски.
Според Марковски, интересот на инвеститорите зависи од повеќе фактори.
„Кај нас постои голем песимизам кај домашните, локални инвеститорите, институционалните претпоставувам поради низа проблеми со коишто се среќаваат и генерално поради малата ликвидност на пазарот не се одлучуваат да го зголемат обемот на инвестирање. Странските инвеститори сè уште се фокусирани на домашните берзи каде што сè уште постои можност за добри заработки“, вели Марковски.
Според најавите, во јули, освен постојните 62 акционерски друштва, на берзата ќе котираат уште околу 60 нови компании.
И досега имаше доволно интересни компании кои се вредни за инвестирање, меѓутоа интересот недостасува, односно не постои доволна побарувачка, и конкретно, најголемиот проблем е што недостасуваат институционални инвеститори и што недостасуваат странските инвеститори коишто беа главните придвижувачи на Македонската берза.Горан Марковски, извршен директор на КБ Публикум.
Извршниот директор на КБ Публикум, Горан Марковски, вели дека единствената промена со задолжителната котација е тоа што компаниите сега мора да го објавуваат нивното работење и план. Според него, се работи за долгорочна мерка, која ќе има ефект кога повторно ќе се актуелизира инвестирањето на берза.
„И досега имаше доволно интересни компании кои се вредни за инвестирање, меѓутоа интересот недостасува, односно не постои доволна побарувачка, и конкретно, најголемиот проблем е што недостасуваат институционални инвеститори и што недостасуваат странските инвеститори коишто беа главните придвижувачи на Македонската берза“, вели Марковски.
И брокерот Јованче Тасковски вели дека мерката е позитивна, бидејќи се зголемува транспарентноста на компаниите за постојните акционери и потенцијалните инвеститори со што полесно ќе имаат пристап до свеж капитал.
Додека инвеститорите не видат први биланси, иако се тие неревидирани, сигурно е дека срамежливо ќе гледаат и ќе одат секако на посигурни компании, така што сигурно во следните три до шест месеци ќе нема некое поголемо раздвижување.Јованче Тасковски, брокер.