Достапни линкови

Големи поплави во Средна Европа


Прага
Прага

Чешка, Австрија и Германија се најсилно зафатени од полавите кои ги однесоа и првите човечки животи

Неколку луѓе загинаа во големите поплави проследени со лизгање на земјиштето во Чешка, Австрија и во Германија.
Ова се најголеми поплави во Централна Европа во последната деценија. Чешката влада прогласи вонредна состојба.


Вонредна состојба во Прага
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:15 0:00


Властите во Прага затворија неколку метро станици во градот и подигнаа насипи околу реката Влтава со цел да се заштити историскиот дел на градот.
Двајца луѓе загинале кога им се урнала куќата во град јужно од Прага.
Во Чешка најмалку 5 луѓе го загубија животот во поплавите.
Во Прага војниците помагаат да се подигнат мобилни метални бариери кои треба да спречат реката Влтава да се излее во најстариот дел од градот. Во земјата е прогласена вонредна состојба. Затворени се неколку метро станици, како и училиштата. Изобилните дождови предизвикаа поплави во некои други делови на Чешка.

Во Австрија, пак, еден човек загинал во лизгање на земјиштето.


Поројни дождови и поплави во Австрија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00


Вонредна состојба и евакуација е наредена и во германските сојузните држави Саксонија, Турингија, Баварија и Баден-Виртемберг.
XS
SM
MD
LG