Вонредна состојба во Прага
Изобилните дождови предизвикаа поплави во некои делови на Чешка. Во Прага војници помагаат да се подигнат мобилни метални бариери кои треба да спречат реката Влтава да се излее во најстариот дел од градот. Прогласена е вонредна состојба. Затворени се неколку метро станици, како и училиштата.