Достапни линкови

Евровизија со спонзор заглавен во скандали


Во Малме утревечер ќе се одржи финалната вечер на Евросонгот. За првпат по 27 години без претставник од ексјугословенските републики. Годишниот музички фестивал е под сенка на наводите дека главниот спонзор ТелиаСонера би поврзан со злоупотреба на човековите права во земји од поранешниот Советски сојуз.

Како што Шведска се подготвуваше за 58 Евровизиско финале, така имаше надежи дека оваа либерална земја ќе го искористи настанот да отвори некои прашања во врска со почитувањето на човековите права.

Наспроти тоа, Шведска се соочи со сопствената одговорност, откако контроверзниот комуникациски џин ТелиаСонера беше избран за главен спонзор на Евросоногот.
ТелиаСонера во Стокхолм
ТелиаСонера во Стокхолм

Оваа компанија е под истрага за исплаќање стотици милиони долари мито на режимот во Узбекистан за влез во тамошниот пазар на мобилната телефонија.
ТелиаСонера е обвинета и дека им дозволила на владите на Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан неограничен пристап до приватните телефонски и интеренет снимки, информации кои биле користени и за обвинувања против припадници на опозицијата во тие земји

ТелиаСонера е обвинета и дека им дозволила на владите на Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Таџикистан и Узбекистан неограничен пристап до приватните телефонски и интеренет снимки, информации кои биле користени и за обвинувања против припадници на опозицијата во тие земји.

Новинарот Џоаким Дајфермак во неговата емисија емитувана на шведскиот јавен сервис опширно ги опиша активностите на ТелиаСонера во поранешните советски земји.

Тој вели дека компанијата, со главно шведски и фински државен капитал, направила невкусни договори со цел да влезе во профитабилните постсоветски пазари.

„Тие ризикува, знаејќи за нивното учество во злосторствата против човековите права, знаејќи за цената што му ја платија например на режимот во Узбекистан. Тие имаа лиценци благодарение на договорите со режимите и давајќи им на нивните разузнавчки служби целосен пристап до нивните корисници. Тие се заглавени со договори со диктатори“, вели Дајфермак.

Европската радиодифузна унија и го даде спонзорството на ТелиаСонера кон крајот на минатата година, образложувајќи дека со таа компанија имала одлична соработка од Евросонгот во Хелсинки 2007 година и лани во Азербејџан.

Аника Ниберг, директор за медиуми во Европската радиодифузна унија е уверена дека ТелиаСонера соодветно ќе одговори на обвинувањата.

„Ние не сме организација за човекови права. Ние сме медиумска организација, која ги претставува медиумските компании. Но, имаме воспоствено вредности на кои се придржуваме. Ние бараме спонзори врз основа на нашите вредности и на соработката со нив.“

Евровизија со нејзината сјајна поп тардиција и микс на народи внимава да не биде водена од политиката.

Но, како што натпреварот почна да се шири со нови особено постсоветски земји, повеќе групи за човекови права видоа можност да го искористат за покренување на овие прашања.

ТелиаСонера веќе презеде некои мерки да ја смири јавноста во врска со обвинувања за нејзините активности, па така претседателот на компанијата и многу други раководители поднесоа оставки.

Сепак, има такви кои тоа не им е доволно.

„ТелиаСонера е неетичка компанија деновиве. Тие се уште соработуваат со режими кои угнетуваат луѓе“, вели Изабел Сомерфилд, шведска активистка за човекови права, наведувајќи дека ТелиаСонера не заслужила да биде спонзор на Евросонгот која ќе и донесе голема заработувачка со оглед на бројната публика од 125 милиони луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG