Достапни линкови

Граѓаните ѝ го возвраќаат ударот на „Империјата“


По повлекувањето на спотот за песната Империја, МТВ соопшти дека видео записот не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него.

Добро утро, империјалисти! Вести од Империјата!

Дај не ги праќајте во Шведска. Дајте, ќе направиме уште некој споменик со тие пари.
Коментар на граѓанин на социјалните мрежи.
Многу ќе беше подобро Грција да го блокираше нашето членство на Евровизија наместо во ЕУ.

Стварно, дај не ги праќајте во Шведска. Дајте, ќе направиме уште некој споменик со тие пари.

Место Лозано нека го пуштат Владо Јовановски. Не мора да пее. Ќе ги фатиме на Индијана Џонс финта.


Претпоставував дека на сето ова ќе му се даде политичка конотација[...] За жал тука се измешаа политиката и музиката, но тоа е што е, и повторно ќе кажам дека реакциите во јавноста се предимензионирани и некои од нив се доста невкусни.
Билјана Николовска, МРТВ
Отвори се земјо, голтни ме! Единствена работа која сега добива смисла се спомениците: па тие да ти биле сценографија за песна на Евровизија! Море, каква ЕВРОвизија, ова е за Евроазија! И отаде.

Ова се само мал дел од коментарите на социјалните мрежи по претставувањето на „Империја“, песната со која Есма и Влатко Лозановски ќе патуваат на Евровизија што годинава ќе се одржи во Малме, Шведска. Автори на композицијата се Симеон Атанасов, синот на кралицата на ромската песна и советничка во Град Скопје, и Дејан Момировски. Текстот го напиша Борче Нечоски, а видеоспотот е потпишан од продукцијата „Егзит Б“.

И, додека коментарите не стивнуваат, експертите со свои видувања. Билјана Николовска од МРТВ вели дека од стручен аспект песната и не е така лоша во однос на реакциите што одекнаа во јавноста и дека во неа веднаш се препознава симболиката да се потенцира музиката како своевидна империја во смисла на нејзината вечност проткаена со фузијата на македонскиот и ромскиот фолклор.
Објаснувањата дека зборот ’империја‘ во текстот се однесувал на нашата музика не држат вода, зашто и да е така, тој е премногу двосмислен и затоа веднаш му се залепи политички контекст.
Ангелина Димовска, новинар и музички критичар.

„Претпоставував дека на сето ова ќе му се даде политичка конотација, особено земајќи ја предвид нашата моментална политичка ситуација и тоа што Есма е политички инволвирана. За жал тука се измешаа политиката и музиката, но тоа е што е, и повторно ќе кажам дека реакциите во јавноста се предимензионирани и некои од нив се доста невкусни“, вели Николовска.

Ангелина Димовска, новинар и музички критичар, нагласува дека дневната политика не смее да се меша во музиката, но вели дека некои работи нималку не држат вода.

„Објаснувањата дека зборот ’империја‘ во текстот се однесувал на нашата музика не држат вода, зашто и да е така, тој е премногу двосмислен и затоа веднаш му се залепи политички контекст“, вели Димовска.

Таа дополнува дека во видеото се искористени и премногу сегменти од проектот „Скопје 2014“, а музиколог Тина Иванова е многу поригидна и заклучува дека „Империја“ не е подобна за никаде, па дури ни за една Евровизија. Таа констатира дека можеби ова е за прв пат целата јавност да биде единствена во ставот дека песната едноставно не ја бидува и дека од вокалните способности на Есма скоро ништо не е искористено.

„Она што најмногу ја иритираше јавноста е текстот, барем според оној кој што го напишал, да е полн со некакви евтини симболи или евтини метафори, демек носи некаква политичка порака, нешто Македонија како империја, но сето тоа е направено евтино, сиромашно, односно смешно, вели Иванова.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG