Процентот на граѓани кои го поддржуваат проектот Скопје 2014 се намалува, а на оние кои негативно гледаат на проектот не се изменил многу од испитувањето на јавното мислење за проектот во 2010 до денеска. Сегашното истражување покажува дека 57,8 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за Скопје 2014, односно 42,7 отсто од анкетираните имаат многу негативно мислење за проектот, а донекаде негативно мислење имаат 15,1 отсто.
На другата страна се 10,9 отсто од испитаниците со многу позитивна оценка за проектот и 15,5 отсто со донекаде позитивна, или вкупно 26,4 отсто од граѓаните имаат позитивно мислење за проектот. Индиферентни, односно граѓани кои немаат ниту позитивно, ниту негативно мислење за проектот се 15,8 отсто од граѓаните.
Истражувањето било спроведено во септември од страна на „TNS Brima Gallup Intl“ на 1165 испитаници, а се поставувале прашања за актуелните политички состојби во земјата, меѓу кои и прашањето да се опише чувството што го имаат граѓаните за Скопје 2014.
„Наспроти очекувањето дека кога ќе се изгради на луѓето ќе им прирасне за срце, ќе го засакаат итн., но проектот го следеа многу скандали, не само на планот на тендери, корупција, лажирани конкурси итн., туку имаше и проблеми со естетиката, со грешките во проектот, што укажува на едно аматерство, а луѓето имаат против тоа да се креваат споменици на историски личности коишто не се толку релевантни за нашата историја за да им креваме споменици и затоа проектот не им е близок“, вели Никола Наумоски од Плоштад Слобода.
Истражувањето покажува и драстични разлики во одговорите кај испитаниците со различна етничка припадност, додава Наумоски.
„Покажува исто така уште подрастични разлики меѓу Македонците и Албанците. Дури 88 проценти од Албанците се против проектот Скопје 2014.“
Ако се споредат резултатите од ова истражување со оние на истражувањето на Дневник во 2010 спроведено од агенцијата Рејтинг, се гледа дека процентот на испитаници кои негативно гледаат на проектот е без значајна промена. Во тогашното истржување 58 отсто од граѓаните или главно не го поддржуваа или воопшто не го поддржуваат проектот, додека главно или целосно позитивно мислење имаа 39 отсто од испитаниците. Сега, поддршката е падната на 26.4 отсто.
И кај граѓаните кои многупати досега сме ги анкетирале на тема Скопје 2014 има поделеност за оправданоста на проектот.
„Па олку многу натрупано веќе изгуби од жарот од сè. Ова е пренатрупано, ја претераа.“
„Уште некој од овие нашиве дејци да има, ама подисперзирано да биде, пред Универзитет, пред некое министерство.“
„Воопшто не ми се допаѓа како е конципирано, прво разлика на стилови, а второ прекрасен голем плоштад сега е сведен на скоро ништо.“
И додека граѓаните и народните пратеници водат жестоки дебати за тоа дали Скопје 2014 е пералница на пари или проект за доброто на народот, власта продолжува да го реализира со интензивна динамика.
Наспроти очекувањето дека кога ќе се изгради на луѓето ќе им прирасне за срце, ќе го засакаат итн., но проектот го следеа многу скандали, не само на планот на тендери, корупција, лажирани конкурси итн., туку имаше и проблеми со естетиката, со грешките во проектот, што укажува на едно аматерство, а луѓето имаат против тоа да се креваат споменици на историски личности коишто не се толку релевантни за нашата историја за да им креваме споменици и затоа проектот не им е близок.Никола Наумоски, Плоштад Слобода.
На другата страна се 10,9 отсто од испитаниците со многу позитивна оценка за проектот и 15,5 отсто со донекаде позитивна, или вкупно 26,4 отсто од граѓаните имаат позитивно мислење за проектот. Индиферентни, односно граѓани кои немаат ниту позитивно, ниту негативно мислење за проектот се 15,8 отсто од граѓаните.
Истражувањето било спроведено во септември од страна на „TNS Brima Gallup Intl“ на 1165 испитаници, а се поставувале прашања за актуелните политички состојби во земјата, меѓу кои и прашањето да се опише чувството што го имаат граѓаните за Скопје 2014.
„Наспроти очекувањето дека кога ќе се изгради на луѓето ќе им прирасне за срце, ќе го засакаат итн., но проектот го следеа многу скандали, не само на планот на тендери, корупција, лажирани конкурси итн., туку имаше и проблеми со естетиката, со грешките во проектот, што укажува на едно аматерство, а луѓето имаат против тоа да се креваат споменици на историски личности коишто не се толку релевантни за нашата историја за да им креваме споменици и затоа проектот не им е близок“, вели Никола Наумоски од Плоштад Слобода.
Истражувањето покажува и драстични разлики во одговорите кај испитаниците со различна етничка припадност, додава Наумоски.
„Покажува исто така уште подрастични разлики меѓу Македонците и Албанците. Дури 88 проценти од Албанците се против проектот Скопје 2014.“
Ако се споредат резултатите од ова истражување со оние на истражувањето на Дневник во 2010 спроведено од агенцијата Рејтинг, се гледа дека процентот на испитаници кои негативно гледаат на проектот е без значајна промена. Во тогашното истржување 58 отсто од граѓаните или главно не го поддржуваа или воопшто не го поддржуваат проектот, додека главно или целосно позитивно мислење имаа 39 отсто од испитаниците. Сега, поддршката е падната на 26.4 отсто.
Па олку многу натрупано веќе изгуби од жарот од сè. Ова е пренатрупано, ја претераа.Анкетиран граѓанин.