Достапни линкови

Евровизија поинтересна од политиката


Извадок од контроверзниот спот за песната Империја на Влатко Лозановски и Есма Реџепова.
Извадок од контроверзниот спот за песната Империја на Влатко Лозановски и Есма Реџепова.

Најпосетен текст на нашата интернет страна е оној дека „Граѓаните ѝ го возвраќаат ударот на Империјата“ - за песната која по избор на МРТ требаше да нè претставува на Евровизија.

Што ви се допаѓа, а што ви пречи во предизборната кампања - гласи нашето ново прашање во Хајд Паркот на кое засега има малку коментари. Па, белки, има нешто што ви се допаѓа, или, што не ви се допаѓа во овие неколку дена официјална кампања за локалните? Обично за сите поставени прашања секогаш сте имале одговори и коментари, или, можеби, ви е преку глава од политиката?

​Инаку, на анкетата на нашата веб-страница со прашањето за кого ќе гласате на локалните избори, нешто над 45 отсто од одговорите на граѓаните се дека ќе гласаат за личности, но многу блиску се и оние, малку над 41 отсто, кои ќе гласаат за партии.

Што ви се допаѓа, а што ви пречи во предизборната кампања? Погледнете го видеото и коментирајте овде.
Хајд Парк - Што ви пречи во предизборните кампањи?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00
Најгледани видео-прилози се за протестите, инцидентите и тензиите на младите Албанци и Македонци во Скопје. Очигледно народот е загрижен за (не)безбедноста предизвикана од меѓуетничката игра на криенка меѓу партиите, односно, користењето на младите за политички цели.

А можеле да се вратат во Собрание. Сега институциите ги признаваат. Видоа дека ’Арапска пролет‘ не пали кај Македонецот, кој одамна ги прочитал, па со наведната глава марш назад во Собрание! Само Рада мисли му ја! Влезе ли пак во филмот ’Француска револуција‘ барем знаеш што те чека.
Коментар од читател.
Најпосетен наш прилог е оној дека „Граѓаните ѝ го возвраќаат ударот на Империјата“ - за песната која по избор на МРТ требаше да нè претставува на Евровизија.
Разните експерти да престанат со коментари и глупости. Народот е разделен, закрвавен и испокаран. Такви на Европа не ѝ требаме.
Коментар од читател.

Коментарите по информацијата дека политичката криза во земјава е решена под меѓународен притисок, го покажува токму она што ѝ пречи на една граѓанка во видео-анкетата за Хајд Паркот: речникот, поточно, навредите и нетолеранцијата на другите кај политичарите. Некој Милан, на пример, е многу блиску до таквиот речник во својот коментар: „А можеле да се вратат во Собрание. Сега институциите ги признаваат. Видоа дека ’Арапска пролет‘ не пали кај Македонецот, кој одамна ги прочитал, па со наведната глава марш назад во Собрание! Само Рада мисли му ја! Влезе ли пак во филмот ’Француска револуција‘ барем знаеш што те чека“.

Сосема спротивно, Милан од Пехчево кој смета дека е добро што е постигнат договор во интерес на народот и државата, „Разните експерти да престанат со коментари и глупости. Народот е разделен, закрвавен и испокаран. Такви на Европа не ѝ требаме“ - пишува нашиот слушател од Пехчево.

Нашите слушатели се дури и добри математичари. МКД иронично забележува дека половина милион евра колку што годишно добива Уставниот суд поделени на деветмина судии - малку биле. Тања го предупредува дека во Уставен не работат само судии, туку и дактилографки, секретарки, портири, хигиеничарки, а МКД повторно удира математика дека 75 отсто од половина милион евра, колку што им оделе за плати, се 32 илјади евра месечно. И 50 вработени да има, што пак е многу - пишува МКД, „пак доаѓа околу 2 илјади евра плата на уставен судија. Малку било“ - ја повторува иронијата нашиот слушател.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG