Достапни линкови

Дневен печат - Евровизија и политика


Влатко Лозановски.
Влатко Лозановски.

Прв пат, во 58-годишната историја на Евросонг, една мелодија делумно ќе биде испеана на ромски јазик, пишува Утрински весник за вечерашниот настап на македонските претставници Влатко Лозановски и Есма Реџепова.

И ние ќе дадеме некаков придонес на Европа: „Премиера на ромскиот јазик на Евровизија - прв пат, во 58-годишната историја на Евросонг една мелодија делумно ќе биде испеана на ромски јазик“. Овој наслов во Утрински, во слични верзии, се повторува речиси во сите печатени медиуми.
Европската централа потврди - одземена е лиценцата на Мекдоналдс во Македонија. Никој во фирмата во Скопје не објаснува зошто.
Дневник.

А од дома: „Европа во паника, кај нас без мерки за опасниот вирус“ - објавува Утрински. И, „Европската централа потврди - одземена е лиценцата на Мекдоналдс во Македонија. Никој во фирмата во Скопје не објаснува зошто“ - пишува Дневник.

Нова Македонија како да заклучува дека Албанците во Македонија се под 20 проценти според малата излезност на локалните во општините населени главно со албанско население.
Комисијата стана невозможна мисија - ВМРО-ДПМНЕ предлага СДСМ да даде претседател, но одлуките да се носат со консензус на сите членови, а СДСМ смета дека тоа ќе ја блокира Комисијата.
Утрински весник.

Инаку, кај нас ќе се избираат амбасадори на јавен конкурс, пишуваат сите весници по владиниот јавен оглас, покрај другото и за амбасадори. Утрински консултира поранешни шефови на дипломатии, од кои едни сметаат дека тоа е симпатичен и транспарентен, за други несериозен и невиден начин да се избираат амабасадори во странство. Трети велат - популистичка мерка на Владата.

Темата број 1 на внатрешно политички план и натаму е изборот на нов лидер на СДСМ. Сега, главното во темата број 1 е тоа што Црвенковски е со најголема поддршка меѓу членството, како што насловува Дневник, а Утрински информира дека: „Четворица кандидати и Црвенковски номинирани за лидер на СДСМ“.

Има и нова закачка околу долгоочекуваното формирање на Комисијата која треба да ги разгледа причините и последиците од собраниските и предсобраниските случувања на 24 декември лани. „СДСМ не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за експертската комисија“, пишува во наслов Дневник, а Утрински насловува: „Комисијата стана невозможна мисија - ВМРО-ДПМНЕ предлага СДСМ да даде претседател, но одлуките да се носат со консензус на сите членови, а СДСМ смета дека тоа ќе ја блокира Комисијата“.

Вечер во неколку броја се навраќа на старата тема за таканаречените соросоиди и наводно платени новинари од странски фондови и со тоа дали Борјан Јовановски и сестра му го кодошат предлог-законот за медиуми кај Европјаните во Брисел, а насловот е препознатлив: „Нека се урне сè, само СДСМ и нивните да останат!“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG