Достапни линкови

Невидено во светот, амбасадори преку оглас


Владата распиша огласи за вработување за повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Владата на Македонија.
Владата распиша огласи за вработување за повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Владата на Македонија.

За домашните аналитичари владиниот оглас не е ништо друго освен маркетиншки трик, односно популизам во кој и самата Влада се изгубила.

Не е вообичаена појавата на страниците на дневните весници да се прочита оглас на Владата преку кој таа ги бара најдобрите кандидати за повеќе раководни позиции кои се во нејзина надлежност. Позициите за кои се бара пројавување на интерес се многу од советници на претседателот, државни секретари, директори на државни институции и јавни установи, членови на управни одбори, па се до амбасадори и генерални конзули на Македонија во дваесеттина земји низ светот. Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, а Владата уверува дека ќе бидат ангажирани само најспособните и најсоодветните кандидати.
Овој обид на Владата е многу низок, затоа што веќе со години се знае и стана практика дека основната дејност на партиите е вработувањето. Единствениот адут им е тоа колку вработиле и колку гласови тие им носат.
Алајдин Демири, универзитетски професор.

За домашните аналитичари владиниот оглас не е ништо друго освен маркетиншки трик, односно популизам во кој и самата Влада се изгубила.

„Овој обид на Владата е многу низок, затоа што веќе со години се знае и стана практика дека основната дејност на партиите е вработувањето. Единствениот адут им е тоа колку вработиле и колку гласови тие им носат“, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.
Никола Груевски, премиер на Македонија.
Никола Груевски, премиер на Македонија.

Секој обид за лично лобирање и ургеција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и негативно ќе влијае на финалната оценка на кандидатот, се вели подолу во огласот. Но, за повеќето аналитичари особено спорен е
Амбасадорите во светот не се бидаат на конкурс, најчесто, туку се избор на политичката структура која добила легитимитет на избори, тоа секојпат е така. Она што е во актуелниот закон за надворешни работи, тие услови што се таму наведени се доволни за да направите добра селекција.
Стево Пендаровски, универзитетски професор.
делот во кој се бараат 18 извршители на функцијата амбасадор и три за позицијата генерален конзул. Во светот практично и да нема ваков модел на селектирање на дипломатски кадри, вели професорот Стево Пендаровски.

„Амбасадорите во светот не се бидаат на конкурс, најчесто, туку се избор на политичката структура која добила легитимитет на избори, тоа секојпат е така. Она што е во актуелниот закон за надворешни работи, тие услови што се таму наведени се доволни за да направите добра селекција.“
Влада на Република Македонија.
Влада на Република Македонија.

Условите кои се бараат се доволни за да се направи добра селекција, но според Пендаровски ако Владата ги почитува истите треба веднаш да врати голем дел од актуелните амбасадори оти истите не ги исполнуваат критериумите.

„Таму пишува дека треба да бидете истакнат и познат во јавноста, а вие знаете дека имаме тотални анонимуси на клучни дипломатски дестинации и јас не знам како нив ќе ги углават или конкурсот ќе важи од денеска па за понатаму“, вели Пендаровски и додава дека досегашното искуство покажува дека е апсолутно невозможно да дојдете во највисоките ешалони на власта, а да не поседувате партиска книшка.

Доказ дека овој оглас е обид подобро да се продадат старите политики е тоа што мерката се воведува дури седмата година од владеењето, велат аналитичарите. Според Демири, власта е опиена од својата моќ, особено по последните изборни резултати. Популизмот што таа го промовира личи на времето во кое сите бевме рамноправни пред законот, а сепак одлучуваше еден друг систем, вели Демири.

„Овој популизам не враќа во тие години кога бевме сите рамноправни пред законот, а сепак Сојузот на комунистите одлучуваше.“

Иако не е исклучено дека во земјава се уште има група на политички наивни луѓе кои веруваат во ваквите огласи и кој ќе се пријават на истите, нашите соговорници не се надеваат на голем одзив на понудениот оглас. Тие велат дека и овој оглас ќе заврши така како што заврши оној на министерството за здравство, кога ресорниот министер бараше советник во неговиот кабинет кој ќе има коефициент на интелигенција над 140.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG