Достапни линкови

Нови пазари или менување на структурата на извозот


Трговскиот дефицит на Македонија хронично е висок. Македонија најмногу извезува во земјите од ЕУ.

Трговскиот дефицит на Македонија хронично е висок, односно земјава секоја година повеќе увезува од странство, отколку што извезува македонски производи. Дел од економистите препорачуваат да се бараат нови пазари, особено во ситуација на криза во ЕУ.
Се работи по наша проценка за региони и земји кои ќе продолжат со ваков раст и во наредниот период.
Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Податоците за 2012 година покажуваат дека скоро 63 отсто од македонскиот извоз одел во земјите од ЕУ, а уште 4 отсто од извезените македонски производи завршувале во другите развиените земји. Една четвртина од извозот, пак, одел во земјите од Западен Балкан. Останатите помалку од 10 проценти се извезуваат во неразвиените земји или во земјите во развој. Трендот е сличен секоја година.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески вели дека алтернативните пазари треба да се бараат во азискиот регион. Поради падот на нарачките од европските земји, домашните компании извозот мора да го преориентираат на пазарите во Азербејџан, Грузија, Кувајт и Египет кои се поотпорни на кризата, вели тој и додава дека турските бизнисмени може да им помогнат на македонските да ги пробијат овие пазари.
Излезот повеќе треба да се бара во намалување на трговскиот дефицит со поранешните советски републики, пред сè мислам на Руската Федерација, Белорусија и Украина. Сè останато е на некој начин утопија.
Ристо Гуштеров, бизнисмен.

„Имаат просечен економски раст од 10 отсто во услови на светска криза. До 2050 година треба да генерираат 60 отсто од вкупните национални приходи во светот. Регионот располага со проку 60 отсто од светските резерви на нафта и 75 отсто од светските резерви на гас. Значи се работи по наша проценка за региони и земји кои ќе продолжат со ваков раст и во наредниот период“, вели Азески.

Бизнисменот Ристо Гуштеров, пак, вели дека македонската индустрија е конципирана на тој начин што повеќе одговара на потребите на ЕУ каде што извезуваме најмногу примарна суровина или полуфабрикати, а помалку готови производи.

„Излезот повеќе треба да се бара во намалување на трговскиот дефицит со поранешните советски републики, пред сè мислам на Руската Федерација, Белорусија и Украина. Сè останато е на некој начин утопија. Африка и Азија се невозможни, бидејќи таму нашата конкурентност опаѓа не само поради скапата работна сила, туку и поради немање логистичка предност во однос на другите земји. Кога се вели логистика се мисли на тоа што е далеку и не ќе можеме да конкурираме“, вели Гуштеров.

Гуштеров вели дека од друга страна, во однос на трговијата со ЕУ, каде што одат скоро две третини од македонскиот извоз, треба да се менува структурата на извозот, односно треба повеќе да се извезуваат готови производи со поголема додадена вредност. Тоа е единствен начин да го намалиме трговскиот дефицит, вели тој.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG