Извозот на земјата во минатата година во однос на 2011 забележал пад од околу 10 отсто, според последните податоци на Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит на земјата пак изнесува 2 милијарди и 509 065 долари.
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека таквата состојба е јасно дека ќе влијае негативно на невработеноста, како и на компаниите кои нема да бидат профитабилни, ќе се намали ликвидноста и нема да има нови инвестиции. Според него, причината за големиот трговски дефицит е преценетоста на македонскиот денар и погрешната монетарна политика.
„Се додека ние имаме скап денар, се додека ние вештачки го држаме денарот фиксно врзан за еврото, Македонија е атрактивна за увоз, не е атрактивна за извоз. Нашиот производ произведен во Македонија со скап денар, кога ќе ја помине границата е најмалку за онолку поскап колку што е денарот преценет. Сега ние треба да си поставиме прашање дали монетарната власт во државата, а тука корелација има и фискалната, има интерес да ги штити банките или има интерес да го штити стопанството.“
Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека конкуренцијата на светскиот пазар се зголемува и домашните производители не се доволно организирани за освојување на нови пазари.
„Тоа не зависи исклучиво од владата, ниту од мерките на владата, тоа зависи од менаџерите и од освојувањето на трети пазари. Колку се тие присутни, колку се агресивни и колку го засноваат својот производ на бенефиции од државата.“
Според Витанов, земјата 22 години ги штити банките и затоа дефицитот во меѓународната трговска размена е негативен и од година во година се зголемува.
„Се додека денарот остане преценет, до тогаш индустриското производство, извозот, вработеноста ќе бидат такви какви што се, а дефицитот во меѓународната трговска размена ќе расте во негативна смисла.“
Според статистика зголемен извоз има само на пијалаци и тутун, како и на машини и транспортни уреди. Најмногу извезуваме во земјите од ЕУ.
Нашиот производ произведен во Македонија со скап денар, кога ќе ја помине границата е најмалку за онолку поскап колку што е денарот преценет.Зоран Витанов, поранешен заменик министер за економија.
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека таквата состојба е јасно дека ќе влијае негативно на невработеноста, како и на компаниите кои нема да бидат профитабилни, ќе се намали ликвидноста и нема да има нови инвестиции. Според него, причината за големиот трговски дефицит е преценетоста на македонскиот денар и погрешната монетарна политика.
Тоа не зависи исклучиво од владата, ниту од мерките на владата, тоа зависи од менаџерите и од освојувањето на трети пазари.
Зоре Темелковски, бизнисмен.