Македонскиот извоз во земјите од Западен Балкан забележал пад од околу 250 милиони долари или 21,4 проценти во минатата година во однос на 2011, според последните податоци на Државниот завод за статистика. Бројките покажуваат и дека во другите земји од соседството, како Грција, Србија и Бугарија многу повеќе производи увезуваме отколку што извезуваме. На пример со Грција која по Германија е втор наш трговски партнер сме оствариле извоз од речиси 188 милиони долари за разлика од увозот кој е околу 803 милиони.
Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека извозот е премногу сконцентриран на глобално ниво, а во меѓувреме на регионалните пазари имаме дефицит.
„Премногу стопанствениците станаа политичари, застанаа зад локомотивата, тоа е владата, која го движи глобалниот свет преку нивните роуд шоуа, одат во глобалниот свет и со нив и стопанственитете. Ја знаете онаа старата поговорка - Видела жабата како коњот се потковува и таа дигнала нога.“
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека основната причина е поради тоа што извезуваме само таканаречни примарни производи.
„Не известираме во технологија воопшто како регион и оттука „кајмакот“ во бизнисот не доаѓа кај нас, оди на друго место. Тоа што извезуваме се суровини, извезуваме репро материјали, извезуваме нефинални производи. Мислам дека Балканот тука ја губи битката и оттука доаѓа таа голема зависност и голем дефицит во меѓународната трговска размена.“
Според Темелковски, треба да се преземат конкретни мерки за македонските производи да бидат поприсутни во регионот.
„Ние сега треба да почнеме да размислуваме парцијално, регионално, за да можеме да имаме стабилно производство, да имаме потенцијал на капиталот и флуктација на работна сила.“
Витанов вели дека компаниите треба да инвестираат во нови технологии, но проблем е и прескапиот денар.
„Пак доаѓаме до еден апсусрд и да го направат тие тоа, со самото тоа што тие излегуваат надвор од државата е за најмалку 15 проценти понеконкурентен во однос на истите такви производители било каде во светот. Сега глобализацијата го направи своето, па вие со висока технологија може било каде да се поцизионирате и да извезувате. Се поставува прашањето зошто би се позиционирале во Македонија кадешто денарот ви е прескап.“
Единствено драстично поголем извоз од 392 илјади долари имаме во Косово во однос на увозот кој изнесува околу 28 илјади.

Премногу стопанствениците станаа политичари, застанаа зад локомотивата тоа е владата која го движи глобалниот свет преку нивните роуд шоуа, одат во глобалниот свет и со нив и стопанственитете. Ја знаете онаа старата поговорка - Видела жабата како коњот се потковува и таа дигнала нога.Зоре Темелковски, бизнисмен.
„Премногу стопанствениците станаа политичари, застанаа зад локомотивата, тоа е владата, која го движи глобалниот свет преку нивните роуд шоуа, одат во глобалниот свет и со нив и стопанственитете. Ја знаете онаа старата поговорка - Видела жабата како коњот се потковува и таа дигнала нога.“
Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека основната причина е поради тоа што извезуваме само таканаречни примарни производи.
„Не известираме во технологија воопшто како регион и оттука „кајмакот“ во бизнисот не доаѓа кај нас, оди на друго место. Тоа што извезуваме се суровини, извезуваме репро материјали, извезуваме нефинални производи. Мислам дека Балканот тука ја губи битката и оттука доаѓа таа голема зависност и голем дефицит во меѓународната трговска размена.“
Не известираме во технологија воопшто како регион и оттука „кајмакот“ во бизнисот не доаѓа кај нас, оди на друго место. Тоа што извезуваме се суровини, извезуваме репро материјали, извезуваме нефинални производи.Зоран Витанов, економски аналитичар.