Достапни линкови

Импресии за Скопје, не за 2014-та


Македонка Макаровска, дипломиран архитект.
Македонка Макаровска, дипломиран архитект.

Couchsurferi се луѓе што патуваат во некоја држава и преку couchsurfing.org пишуваат порака на друг сурфер што најчесто живее во градот каде што патува првиот сурфер, се наоѓаат и се шетаат низ градот, селото или било каде. И секако престојуваат на кауч или се расположени за шетање. Сурфам од 2008. Feels nice and I strongly recommend it, пишува младата архитектка Македонка Макаровска во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Ако ме фотографирале како пијам кафе на скалите на плоштадот Скендер Бег, да јас сум. Лајк на сопствениот лајк.
Couchsurferi се луѓе што патуваат во некоја држава и преку couchsurfing.org пишуваат порака на друг сурфер што најчесто живее во градот каде што патува првиот сурфер, се наоѓаат и се шетаат низ градот, селото или било каде. И секако престојуваат на кауч или се расположени за шетање. Сурфам од 2008. Feels nice and I strongly recommend it.

Од денес сите couchsurferи ги носам на кафе на плоштадот Скендер Бег. Не сум ни сигурна како се вика новиот плоштад, меѓутоа тие се тие скали што ми недостасуваа за сончање и пиење кафе и раскажување приказни за градот Скопје.

Couchsurferi се луѓе што патуваат во некоја држава и преку couchsurfing.org пишуваат порака на друг сурфер што најчесто живее во градот каде што патува првиот сурфер, се наоѓаат и се шетаат низ градот, селото или било каде. И секако престојуваат на кауч или се расположени за шетање. Сурфам од 2008. Feels nice and I strongly recommend it.

Еве некои од импресиите за Скопје поделени по држави (со локацијата каде се случил муабетот):

Израел: „Мене ми е топ. Супер ви се луѓето. Важно е да има ноќен живот. Политиката е во апсолутна контрола на друга држава што не е вашата, а не е ни Израел.“ (на улица Македонија на ќошот, во меѓу време Тел Авив е едно од најгеј и најжурка местата на светот)

Гренланд: „Добри зеленчуци имате и жичарата е посебно практична, утре одиме да спиеме во шатори на Водно.“ (а во моментот е ноември, и да девојката беше Ескимка и Ескимите навистина имаат таков „носе“ ескимски бакнеж, меѓутоа на рака).

Јапонија: „Јас имам мисија да ја посетам Шутка (најголемата ромска населба во Европа), и да јадам гравче тавче. Сè друго е незадолжително.“(не се импресионираше од Шутка, многу побогато од очекуваното, а бевме на мини забава каде што ни збореа на италијански - не знам зошто, во секој случај одма до пазарот мало меанче со бар, кон 8-9 часот е фраерско место за излегување).
Страста, агресијата и посесивноста на еден народ се краткотрајни чувства што долгорочно се одразуваат врз архитектурата. Ќе се изградат и љубовни и љубоморни и арогантни дела. Архитектурата најповеќе се памети по чувствата кои ги предизвикува и врежува во нашите сеќавања. Вашето дело (кон архитектите и урбанистите) ќе буди чувства или не, ќе буди љубов или смешка, ќе знаат само тие што талкаат низ градот со кафе во рацете. (тие замислуваат и се едно со вашето дело).

Франција: „Статии во последно време кажуваат дека во иднина ќе се раздели Македонија на Бугарија и Албанија. А и со името имате некои проблеми. А Капан Ан е супер.“ (во Капан Ан на ручек 2.400 за даска со зеленчук. I am like OH thats 20 dollars for a t-shirt?).

Германија: „Иднината ќе покаже што било, а што не.“ (на Матка, добро место за пешачење и отепување од пешачење, наредниот ден комотно гостинот може сам преку Водно да оди пак на Матка).

Шпанија: „Мислевме дека годинава го реставрирате центарот, а ако ви се нови зградиве најсериозно не требаше да ни кажете.“ (на Плоштадот Македонија).

И толку се сеќавам.

Страста, агресијата и посесивноста на еден народ се краткотрајни чувства што долгорочно се одразуваат врз архитектурата. Ќе се изградат и љубовни и љубоморни и арогантни дела. Архитектурата најповеќе се памети по чувствата кои ги предизвикува и врежува во нашите сеќавања. Вашето дело (кон архитектите и урбанистите) ќе буди чувства или не, ќе буди љубов или смешка, ќе знаат само тие што талкаат низ градот со кафе во рацете. (тие замислуваат и се едно со вашето дело). Секако архитекти не ги читаат моите колумни, и не треба. Архитектот треба да е засегнат од не сечие мислење, туку од глобалните мисли и љубов. А кафето и сончањето се една глобална љубов.

Можно е скалите кај плоштадот Скендер Бег да се идеални за таква љубов.

Можно да конечно се случи зграда која оди над минатото. Далеку од арогантноста и игнорирањето. Уживањето, естетиката и сурферите во едно.

Една нова идеја и концепт за надминување на нештата и вистинско поминување над самите нив.
XS
SM
MD
LG