Достапни линкови

Субрата кој?


Македонка Макаровска, дипломиран архитект.
Македонка Макаровска, дипломиран архитект.

Да престанеме да бидеме аутлет на нечии туѓи идеи веќе еднаш. Ако немаме сопствена идеја за тоа што сме ние, купувањето туѓи идеи нема да ни помогне, пишува Македонка Макаровска во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Не е важно кој е Субрaта. Апсолутно е не важно. Можеше да биде кој било. Наместо да не загрижува профилот на овој бизнисмен, треба да не загрижува како тоа ќе се одрази врз нашите животи и животот на Охридското Езеро. Ако е бизнисменот двојно побогат од кого било не значи дека ние двојно повеќе ќе се офајдиме од проектот, туку дека е двојно повлијателен и ќе си ја нареди работата двојно поразиграно на негова страна.
Доволно е што се размислува за „проект“ со Дубаи типологија и веќе е навредена македонската традиционална архитектура. Самото градење на истата значи навреда, нагрдување и обезвреднување на квалитетите кои Охрид сега ги поседува и чува. Охрид е едно од најстарите населени места во Европа.

Зошто прифаќање на мегапроектот на Субрaта Рој е многу глупава идеја? Нема потреба од негово градење. За да се донесе одлука дека градот треба да се развива со една таква идеја, најпрвин треба некако да се стигне до тоа. Дека некој мега проект е моментално на попуст - не е доволна причина за тоа. Уште повеќе сликата на проектот на Субрaта Рој ги негира емоционалните и општествените движења на градот Охрид и неговите туристи, вљубеници во традицијата.

Наместо да ги прегрне жителите на Охрид и продолжи едена континуриана возљубеност кон верата и светлината, Субрaта како инка се стреми просторно и емоционално да го проголта изградениот пејзаж. Туристите кои ги има Охрид само ќе ги снема. Проект од толкави рамки ќе предизвика метеж и сосема спротивна атмосфера во градот од моменталната. Охрид ќе ги изгуби веќе стекнатите туристи и ќе мора да почне од почеток, овој пат да биде слуга на една мега структура.

Навреда е и нагрдување е на културното наследство. Не мора да се урне еден објект или архитектура за да биде нагрдена и навредена. Доволно е што се размислува за „проект“ со Дубаи типологија и веќе е навредена македонската традиционална архитектура. Самото градење на истата значи навреда, нагрдување и обезвреднување на квалитетите кои Охрид сега ги поседува и чува. Охрид е една од најстарите населени места во Европа. Охрид е лулка на словенската книжевност. Мајка на повеќе од 800 икони од седмиот до деветиот век.

Македонија не е пустина. Ако се однесуваме како кон пустина, секако дека ќе стане пустина. Стручен континуитет е фраза што не постои во македонскиот речник. Македонската архитектура се покажа дека не познава континуитет, почит и препознавање на веќе постојното наследство. УНЕСКО беше на работ да не избриште од листата по идејата за менување на калдрмата, а хотел од ваков карактер и рамки ќе биде повеќе од доволен фактор за тоа да се случи.
Ги праша ли некој сите Словени во светот, дали сакаат лулката на писменоста да ја обезвреднат со една шлаканица на глупоста? Го праша ли некој светот дали сака да се откаже од третото по ред најбогато со ендемски видови езеро?

Се закануваме да уништиме живот постар од 4 000 000 години. Охридското Езеро е најстаро езеро во Европа, и е меѓу најстарите во светот. По бројот на ендемски видови Охридското Езеро е трето во светот, по Тангањика и Бајкал.

Ако истурите 200g песок во 500ml вода не треба да сте експерт за да предвидите што ќе се случи со водата. А хотел што плови во вода има вештачки острови и базени во вода сигурно дека ќе го уништи животот на Езерото.

И крајно, а за мене значајно е да размислиме кој се треба да донесе ваква одлука. Ја праша ли некој Албанија дали сака да го предаде Езерото во рацете на Субрaта Рој? Можеби Албанија е свесна за вредноста на Охридското Езеро и не сака да го затрупа со пластика? Ги праша ли некој сите Словени во светот, дали сакаат лулката на писменоста да ја обезвреднат со една шлаканица на глупоста? Го праша ли некој светот дали сака да се откаже од третото по ред најбогато со ендемски видови езеро?

Да престанеме да бидеме аутлет на нечии туѓи идеи веќе еднаш. Ако немаме сопствена идеја за тоа што сме ние, купувањето туѓи идеи нема да ни помогне. Или како што вика во еден лифтлет на Bei The Fish: Не треба да се плашиме дека ќе не снема туку да се плашиме од тоа дека не нема.
XS
SM
MD
LG