Достапни линкови

Агресивната кампања ги подели гласачите


Граѓаните велат дека најмногу им пречат честите навреди кои ги слушаат и антикампањата која партиите ја спроведуваат за противниците. Дел од експертите сметаат дека негативната кампања влијае врз поделеност на гласачкото тело, како по политичка така и по етничка основа.

Агресивна политичка кампања, навреди во политичките говори, анти кампања, искинати плакати, графити и билборди на секое ќоше и по некое искршено стакло. Ова е обележјето на локалните избори годинава кое на граѓаните кои што ги анкетиравме не им се допаѓа. Велат дека најмногу им пречат честите навреди кои ги слушаат и антикампањата кои партиите ја спроведуваат за противниците, затоа што сакаат да слушнат што имаат кандидатите за градоначалници да понудат, а не колку е лош нивниот противник.
Во голем дел од времето на телевизиите се троши за анти-кампња, за мене тоа не е кампања, и во демократија не постои анти-кампања, и во нормални држави не постои анти- кампања. Изборната програма не е здодевна но да не уотребувам други зборови, јас тоа не можам повеќе да го гледам.
Анкетиран граѓанин.

„Во голем дел од времето на телевизиите се троши за анти-кампња, за мене тоа не е кампања и во демократија не постои анти-кампања, и во нормални држави не постои анти-кампања. Изборната програма не е здодевна, но да не употребувам други зборови, јас тоа не можам повеќе да го гледам.“

„Негативните работи се тоа што во оваа држава не треба меѓусебе да се напаѓаме, иако се е политички раздвоено“, велат анкетираните граѓани.

Експертите велат дека негативната кампања влијае врз поделеност на гласачкото тело како по политичка така и по етничка основа. Аналитичарот Алберт Муслиу смета дека постои заситеност кај граѓаните од негативна кампања.
Па прво ги подели меѓу позицијата и опозицијата, ова важи и за двата етнички блока и за Македонците и за Албанците. Од друга страна ги подели на меѓуетничка линија, покарактеристични се Кичево и Струга додека поделбата меѓу опозиција и позиција , тоа важи за речиси секој град.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Па прво ги подели меѓу позицијата и опозицијата, ова важи и за двата етнички блока и за Македонците и за Албанците. Од друга страна ги подели на меѓуетничка линија, покарактеристични се Кичево и Струга додека поделбата меѓу опозиција и позиција, тоа важи за речиси секој град.“

Тој вели дека во Кичево и Струга најостро е зацртана линијата меѓу Македонците и Албанците, а поради тоа таму може да се очекува тензични избори, и во првиот, а особено во вториот круг. Тој вели дека негативната реторика во политичките говори се однесува повеќе кон членството на партиите, но таа не може да привлече неопределни гласачи. Но, додава дека таквата негативна етничка реторика е погрешна затоа што не верува дека со неа ќе се зголеми излезноста.

„Карактеристика на неопределените гласачи е заситеност и недоверба во процесот, така да не верувам дека голем број на неопределени ќе излезат на изборите затоа што вождовите или пастирите на нивните стада тоа го велат. Според мене, стратегијата со остра реторика да им се пристапи на неопределените е повеќе штетна отколку што е продуктивна, затоа што и ако излезе верувам дека мал број од неопределените ќе излезе на избори врз основа на таа реторика или како одговор на повиците, на тие малку порадикални повици.“

Муслиу смета дека последица на вжештената атмосфера може да биде и помала излезност на изборите особено во етнички поделените региони.
Граѓаните и изборната анти-кампања
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:49 0:00
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG