Она што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го понуди како предлог до опозицијата, всушност не е предлог, туку техничко прашање за пролонгирање на рокот за кандидатски листи. Вака од Социјалдемократскиот сојуз го објаснуваат нивното одбивање на понудата од владејачката партија.
„СДСМ не ги поднесе кандидатските листи на 16-ти не затоа што немаше доволно време, тоа е глупаво воопшто да се помисли, туку заради тоа што по загрозувањето на демократијата и тепањето на пратеници и новинари во Собранието, потребно е политичко решение за излез од кризата во земјава, “ изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Власта е уверена дека бојкотот на опозицијата не соодветствува со желбите на граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната последна понуда е рационална понуда која истовремено може да ги задоволи барањата на опозицијата да учествуваат на изборите, и да се заштити меѓународниот углед на земјата.
„Добро би било, доколку наместо со партиски соопштенија, опозиционата коалиција, разговара со сите свои коалициони партнери и секоја партија поединечно и потоа сите заеднички да се изјаснат, според мене, за оваа прагматична понуда, “ изјави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ
Според опозицијата, власта е најодговорна за состојбите во земјава. Но, Петров го прашавме дали не мисли дека со своето однесување опозицијата дополнително ја уништува можноста за избор на граѓаните, особено на нивните симпатизери на претстојните локални избори?
„Одговорот е не, напротив граѓаните на Македонија ќе бидат ставени во можност да го направат најголемиот избор, дали сакаат да дадат легитимитет на една ваква власт да продолжи или со своето неучество на таквите избори сакаат да и покажат на оваа власт дека е време да си замине.“
Милошоски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има капацитет да ги добие локалните избори, но признава дека тие ќе бидат многу посериозни и полегитимни ако на нив учествуваат и нивните политички опоненти.
„Учеството на опозицијата, учеството на власта во еден изборен циклус е добра можност за коректив и на власта и на опозицијата, таму каде што граѓаните ќе оценат дека некој потфрлил.“
Бојкотот е радикална мерка на која се одлучија опозиционерите и сигурен сум дека се свесни дека со тоа им го ускратуваат правото на граѓаните на избор, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу. Но, се додека двете спротиставени страни комуницираат преку медиумите кризата нема да се реши, додава тој.
„Но не верувам дека јавното понудување од двете страни на можни решенија е секако излез од кризата. Треба да седнат и да изнајдат решение и тогаш нивите лидери јавно да го спроведат.“
Во меѓувреме политичкиот инает и статус кво ситуацијата на македонската политичка сцена веќе ги дадоа првите ефекти на планот на надворешната политика. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит побара одложување на гласањето за извештајот за нашата земја, а европарламентарците прифатија.
СДСМ не ги поднесе кандидатските листи на 16-ти не затоа што немаше доволно време, тоа е глупаво воопшто да се помисли, туку заради тоа што по загрозувањето на демократијата и тепањето на пратеници и новинари во Собранието, потребно е политичко решение за излез од кризата во земјава.Андреј Петров, генерален секретар на СДСМ.
„СДСМ не ги поднесе кандидатските листи на 16-ти не затоа што немаше доволно време, тоа е глупаво воопшто да се помисли, туку заради тоа што по загрозувањето на демократијата и тепањето на пратеници и новинари во Собранието, потребно е политичко решение за излез од кризата во земјава, “ изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.
Власта е уверена дека бојкотот на опозицијата не соодветствува со желбите на граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната последна понуда е рационална понуда која истовремено може да ги задоволи барањата на опозицијата да учествуваат на изборите, и да се заштити меѓународниот углед на земјата.
Добро би било, доколку наместо со партиски соопштенија, опозиционата коалиција, разговара со сите свои коалициони партнери и секоја партија поединечно и потоа сите заеднички да се изјаснат, според мене, за оваа прагматична понуда.Антонио Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ.