Достапни линкови

Недостиг од квалитетно сурово млеко во Македонија


Битолската млекарница
Битолската млекарница

Битолската млекарница признава дека увезува млеко од кое е извадена водата од ЕУ и го користи за производство на млечни производи. Велат дека во Македонија има недостиг од квалитетно сурово млеко.

Раководството на Битолската млекарница признава дека увезува евапорирано млеко од Европската унија, односно згуснато или млеко од кое е извадена водата, а тука го користи за преработка на млечни производи. Од ИМБ „Битола“ велат дека со ваквиот увоз се надополнува недостигот на домашно квалитетно сурово млеко, а приотоа се намалуваат трошоците за транспорт на увезената суровина. Од раководството тврдат дека се работи за квалитетно млеко кое нема намален нитритивен квалитет.

Во Македонија недостига квалитетно млеко за сите млекарници да можат нормално да работат.[...] За да го надополниме тоа, понекогаш сме приморани да увезуваме кавлитетно млеко од Европската унија. На производите кои содржат евапорат, тоа е декларирано, па не станува збор за залажување на потрошувачите.
Роко Водопија, генерален менаџер на битолската млекарница.
„Во Македонија недостига квалитетно млеко за сите млекарници да можат нормално да работат. Ние тој проблем го решаваме на два начини. Прво долгорочно вложуваме во фармите со набавка на јуници, но тоа не дава резултати веднаш. Тие вложувања чекаме да дадат резултати в година. За да го надополниме тоа, понекогаш сме приморани да увезуваме кавлитетно млеко од Европската унија. На производите кои содржат евапорат, тоа е декларирано, па не станува збор за залажување на потрошувачите“, вели Роко Водопија, генерален менаџер на битолската млекарница.

Од млекарницата тврдат дека увезените количини се мали.

„Окупот на сурово млеко во Македонија е меѓу 80 и 100 илјада литри на ден. Ние повремено увезуваме евапорат една цистерна неделно или една цистерна на две недели. Значи на 100 илјади литри дневно откупено млеко увезуваме неделно или на две недели 20 илјади литри. Не е тоа голема количина. Подобро е тоа да го откупи млекарницата и да го преработи овде, отколку во Македонија да се увезуваат готови млечни производи“, изјави Слободан Петровиќ, претставник на англискиот фонд и „Данубе фудс“ во чија сопственост е Битолската млекарница.

Тој за пример ја посочи Грција каде 80 проценти од суровото е евапорирано млеко набавено од ЕУ. За откупните цени на суровото млеко од млекарницата изјавија дека дури за три центи се повисоки од Словенија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG