Достапни линкови

Колку е безбедна храната во Македонија?


На македонските потрошувачи им недостасуваат доволно информации за производите што им се нудат на пазарот, повисоки стандарди на ниво на држава и поголема ангажираност на институциите задолжени за контрола на квалитетот на храната.

Македонија има голем број агенции, институции и закони кои се надлежни да се грижат за безбедноста и квалитетот на храната што се продава. И покрај тоа се случува да добиваме од други држави информации за тоа дека конзумираме неисправна храна, посочуваат експертите. Покрај тоа, на македонските потрошувачи им недостасуваат и доволно информации за производите што им се нудат на пазарот, повисоко поставени стандарди на ниво на држава и поголема ангажираност на институциите задолжени за контрола на квалитетот на храната.
Не е здрава храната, секој ден се слуша дека нешто е штетно, дека има отровни материи, а ние сето тоа го даваме на нашите деца. Очекувам да се испитува секој производ што се пушта на пазарот, за да знам јас што му давам на своето дете, посебно сега ова актуелното со млечните производи и млекото, тоа е катастрофа.
Анкетира потрошувач.

„Дали е тоа месо, дали е тоа млеко, тоа е страшна работа што не трујат. Никој од власта не го интересира што се наоѓа на рафтовите во Македонија.“

„Не е здрава храната, секој ден се слуша дека нешто е штетно, дека има отровни материи, а ние сето тоа го даваме на нашите деца. Очекувам да се испитува секој производ што се пушта на пазарот, за да знам јас што му давам на своето дете, посебно сега ова актуелното со млечните производи и млекото, тоа е катастрофа“, велат дел од потрошувачите.

Професор Борис Анакиев смета дека дел од вината лежи во недоволната активност и дисциплина во надлежните институции, неимплементирање на законите кои се донесени и усогласени во голем дел од нив со европската регулатива, што според него е последица на вовлечената нестручност и партизираност на кадарот во овие институции.

„Ние сме недисциплинирани, несовесни доволно, пропусти се направени и затоа е влезено млекото, затоа на нас другите не кажаа дека и кај нас има такво млеко од регионот, нашите не знаеја, па сега почнаа да го испитуваат.“

Заштитата на потрошувачите од неквалитетна или небезбедна храна е скапа работа, вели Маријана Лончар од организацијата за заштита на потрошувачи.

„Прашајте ги производителите колку декларации им се бараат, колку безбедносни стандарди треба да исполнат, што се треба да се исполни за да отиде производот надвор. И ние очекуваме дека кога од страна тие ќе дојдат кај нас, на нашиот пазар се такви, какви што се и на другите пазари каде вакви норми и стандарди се утврдени и вие како држава ако немате утврдено такви норми и стандарди, односно ви се пониски, нормално дека тие ќе влезат на вашиот пазар и ќе направат хаос.“

Треба да се финансираат и независни компаративни анализи, препорачува Лончар за да може потрошувачите да им веруваат а време е и самите производители да размислат за совесноста во своето работење и за последиците од создадената недоверба кај потрошувачите.
XS
SM
MD
LG