Од еден до пет, Македонија може да добие само тројка во поглед на почитувањето на човековите права и слободи во перцепцијата на народниот правобранител Иџет Мемети. Народниот правобранител е во подготовка на извештајот за мината година и кој во текот на годината се соочува со реалниот облик на нарушувањата на правата на граѓаните кои и се обраќаат на оваа институција.
„Се уште не задоволува ни правната регулатива, ни професионалноста на институциите, без разлика дали се тие што ги спроведуваат законите или водат борба за заштита“, вели Мемети во интервју за радио Слободна Европа кое во целост ќе го емитуваме в недела.
Во изминатата година најголем број од граѓаните се жалеле на штетата која им е нанесена поради се уште монополската позиција на снабдувачите со топлинска и електрична енергија, но на високо место се и претставките во областа на правосудството, полицијата, затворите, работните односи. Истата тројка до значење на делумни права и слободи Македонија ја доби и во неодамнешниот извештај на меѓународната невладина организација Фридм хаус.
За професорката Мирјана Најчевска во Македонија постои само некаков зачеток во законите, но не и базични услови за практикување и заштита на човековите права. Граѓаните не учествуваат во законското регулирање на правилата на игра па тие и не можат да ги одразуваат интересите на граѓаните, а потоа постои и апсолутна правна несигурност во земјата.
„Секој граѓанин во Македонија веќе е свесен, дури и на индивидуално ниво, дека апсолутно ниту еден закон не важи еднакво за сите граѓани во Македонија.“
Од друга страна граѓаните се свесни и дека секоја постапка која би ја повеле за да се изборат за своите права е неизвесна во сеопштата политизација на институциите. Наспроти пораката од народниот правобранител дека е потребно да се работи на свеста кај граѓаните да се борат до крај за остварување на некое свое право, Најчевска излезот го гледа во ослободувањето на граѓаните од целосната политичка зависност.
„Во моментот кога вашата егзистенција, егзистенцијата на семејството, елементарното живеење зависат од волјата на одредена политичка структура, не можеме да зборуваме за елементарна слобода, онаа базична слобода која е во основата на човековите права“, посочува Најчевска.
Се уште не задоволува ни правната регулатива, ни професионалноста на институциите, без разлика дали се тие што ги спроведуваат законите или водат борба за заштита.Иџет Мемети, народен правобранител.
„Се уште не задоволува ни правната регулатива, ни професионалноста на институциите, без разлика дали се тие што ги спроведуваат законите или водат борба за заштита“, вели Мемети во интервју за радио Слободна Европа кое во целост ќе го емитуваме в недела.
Во изминатата година најголем број од граѓаните се жалеле на штетата која им е нанесена поради се уште монополската позиција на снабдувачите со топлинска и електрична енергија, но на високо место се и претставките во областа на правосудството, полицијата, затворите, работните односи. Истата тројка до значење на делумни права и слободи Македонија ја доби и во неодамнешниот извештај на меѓународната невладина организација Фридм хаус.
Во моментот кога вашата егзистенција, егзистенцијата на семејството, елементарното живеење зависат од волјата на одредена политичка структура, не можеме да зборуваме за елементарна слобода, онаа базична слобода која е во основата на човековите права.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.