Во извештајот во кој се оценува состојбата со почитувањето на човековите права и на политичките слободи во 195 земји во светот во текот на минатата година, Македонија се најде во групата на делумно слободни.
Во неа, меѓу другите се и Ерменија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Украина и Пакистан. Како слободни земји од Балканот, се оценети Србија, Црна Гора и Хрватска.
Македонија и во двете сфери: човековите права и политичките слободи е оценета со тројка. Највисоката оценка е единица, а најлошата седумка. Напредок во регионот забележа само Босна.
„Сметаме дека Босна се движи подалеку од земја која е под силен надзор на меѓународната заедница и тоа беше главна причина за подобрувањето. Таа беше во можност да формира своја влада и се повеќе одлуки носи без европска помош“, вели Арч Падингтон, потпретседател на Фридом хаус.
Сепак, најкарактеристично за минатата година е тоа што евроазискиот регион, односно земјите од поранешниот Советски сојуз, без Балтичките, им конкурираат на оние на Блискиот Исток како политички најрепресивни региони во светот. Според извештајот, „враќањето на железната тупаница во Русија“ му даде тон на целиот регион.
„Откривме дека во Евроазија, перфомансите, особено индикаторите за политичките слободи се најлоши во светот. Тие се полоши од оние на Блискиот Исток и тоа е нешто ново“, вели Арч Падингтон, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин лани ја маргинализира официјалната политичка опозиција, ги забрани јавните демонстрации и ја ограничи работата на граѓанските организации.
Во извештајот се потенцира и одлуката на Москва да ја протера американската агенција за меѓународен развој УСАИД од земјата, но исто така се критикува администрацијата на претседателот Барак Обама за тоа што не обезбедила соодветен одговор.
„Исто така откривме растечка софитицираност на современите диктатори“ наведува Падингтон, додавајќи: „Тие се флексибилни, тие ја изобличуваат и ја злоупотребуваат правната рамка, тие се вешти во техниките на модерната пропаганда.“
Во извештајот на Фридом хаус се наведува дека иако бројот на земјите рангирани како слободни порасна на 90, три повеќе од претходната година, сепак 28 земји покажале значително опаѓање. Или, како што се оценува, ова е седма година по ред во која има поголемо уназадување, од напредок.
Затоа во извештајот се бара од Соединетите држави и другите демократски земји да покажат лидерство во борбата за слобода.
„Она што го научивме во изминативе години е дека придобивките од слободата вообичаено доаѓаат со активно учество на демократиите како Соединетите држави и Европската унија. Таму каде што тие излегоа од борбата, резултатот обично е пораз на слободата“, оценува претседателот на Фридом хаус Дејвид Крамер.
Генерално 43 проценти од светската популација живее во слободни општества, 23 проценти во делумно слободни, додека 34 проценти во земјите кои од Фридом хаус се оценети како неслободни, меѓу нив Русија, Белорусија, Иран, Ирак, Авганистан.

Исто така откривме растечка софитицираност на современите диктатори. Тие се флексибилни, тие ја изобличуваат и ја злоупотребуваат правната рамка, тие се вешти во техниките на модерната пропаганда.Арч Падингтон, потпретседател на Фридом хаус
„Сметаме дека Босна се движи подалеку од земја која е под силен надзор на меѓународната заедница и тоа беше главна причина за подобрувањето. Таа беше во можност да формира своја влада и се повеќе одлуки носи без европска помош“, вели Арч Падингтон, потпретседател на Фридом хаус.
Сепак, најкарактеристично за минатата година е тоа што евроазискиот регион, односно земјите од поранешниот Советски сојуз, без Балтичките, им конкурираат на оние на Блискиот Исток како политички најрепресивни региони во светот. Според извештајот, „враќањето на железната тупаница во Русија“ му даде тон на целиот регион.
„Откривме дека во Евроазија, перфомансите, особено индикаторите за политичките слободи се најлоши во светот. Тие се полоши од оние на Блискиот Исток и тоа е нешто ново“, вели Арч Падингтон, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин лани ја маргинализира официјалната политичка опозиција, ги забрани јавните демонстрации и ја ограничи работата на граѓанските организации.
Она што го научивме во изминативе години е дека придобивките од слободата вообичаено доаѓаат со активно учество на демократиите како Соединетите држави и Европската унија. Таму каде што тие излегоа од борбата, резултатот обично е пораз на слободата.Дејвид Крамер, претседател на Фридом хаус