Достапни линкови

Слободата на медиуми - монета за поткусурување


Архивска фотографија: Протест на новинарите.
Архивска фотографија: Протест на новинарите.

Слободата на новинарското изразување е монета со која сопствениците на медиумите и политичарите тргуваат, велат упатените.

Слободата на новинарското изразување е монета со која сопствениците на медиумите и политичарите тргуваат. Таква е, според упатените, состојбата во македонското новинарство. На меѓународниот ден на слободата на медиумите, од Синдикатот на новинари и медиумски работници тврдат дека социјален дијалог нема. Порачуваат дека новинарите нема да замолчат и ќе продолжат да ги бараат и остваруваат своите права.
Работата е да ја натераме јавноста да биде наш сојузник, да разбере дека слободни, принципиелни и одговорни медиуми се заштитник на јавниот интерес, на малиот човек, наспроти големите бизнис и политички елити.
Тамара Чаусидис, Синдикат на новинари и медиумски работници.

„Работата е да ја натераме јавноста да биде наш сојузник, да разбере дека слободни, принципиелни и одговорни медиуми се заштитник на јавниот интерес, на малиот човек, наспроти големите бизнис и политички елити“, изјави Тамара Чаусидис, претседател на Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Економско-политичката зависност на медиумите во Македонија е една од главните забелешки на меѓународните претставници кога станува збор за слободата на медиумите.
Мене никој не ми се јавува, никој не ме малтретира, никаков пртисок немам, имаме комерцијални реклами од кои живееме, можете да земете завршни сметки да видите од кај се парите, како се парите.
Емил Стојменов, Канал 5 телевизија.

Состојбата во оваа сфера е катастрофална, вели Сашо Ордановски, поранешен сопственик на медиум. Се работи за корпоративно новинарство во кое газдата е и новинар и уредник и репортер, забележува Ордановски, според кого, иако проблемот не е карактеристичен само за нашата земја, тој може да се надмине.

„Тоа се прави со воведување на транспарентни процеси околу сопственоста на медиумите, се прави со почитување на процедури и законски одредби во таа смисла, со ригорозни контроли на надлежните тела, особено на независните регулаторни тела и се прави конечно со друг тип на сопственост на медиуми каде што медиумите се во акционерска сопственост и со многу поатомизирана структура на сопственици каде што негде дури и самите новинари што работат во медиумите се сопственици“, изјави Ордановски

Спротивно на ваквите тврдења, некои од актуелните сопственици на медиуми во земјава, велат дека реалноста е поинаква. Ние сме комерцијален медиум, работиме транспарентно и не зависиме од ниту една политичка партија, уверува сопственикот на Канал 5 телевизија, Емил Стојменов.

„Мене никој не ми се јавува, никој не ме малтретира, никаков пртисок немам, имаме комерцијални реклами од кои живееме, можете да земете завршни сметки да видите од кај се парите, како се парите.“

Зависноста на медиумите од бизнис елитите, според Стојменов е проблем на многу европски земји. Не признава дека слободата на медиумите е делумна, но она што му пречи се многуте медиуми на македонскиот пазар.

„Има премногу медиуми во Македонија и поради тоа се можеби економски повеќе зависни од огласувачите. Тоа би требало да се искристализира, сигурно на Македонија не и требаат толку медиуми, пред се зборувам за електронски медиуми“, изјави Стојменов.

Според синдикатот на новинари пак, рамнодушниот однос на власта кон ситуацијата со медиумите е она од кое корист имаат газдите, односно она што нив им дозволува да одат подалеку во кршењето на елементарните права на вработените.

Во последниот извештај на Фридом Хаус Македонија беше оценета како делумно слободна земја која за разлика од претходната година бележи пад од 15 места во однос на слободата на печатот.

РФЕРЛ ВИДЕО

РФЕ/РЛ го одбележува Светски ден на слободата на медиумите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG