Нацрт-законот за медиуми е во финална фаза и ќе и биде ставен на увид на јавноста најдоцна за две недели, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Јанакиески тврди дека нацрт-текстот потоа ќе биде ставен на јавна расправа и оти министерството е спремно да ги прифати сите позитивни критики. Во текстот нема ништо што ќе значи ограничување или задушување на слободата на медиумите, уверува Јанакиески.
„Воопшто не се планира да се регулираат печатените медиуми, туку ќе се направи евиденција, како што има во многу земји, односно да имаме еден регистар да знаеме кои се печатени медиуми во Македонија и тоа воопшто нема да биде пречка некој да започне со работа. Ќе има допрецизирање во делот на електронските медиуми или телевизиите. Друго е од аспект на веб-медиуми, така да има повеќе типови на медиуми и има предвидено различна регулација, но како и да е опфатени се сите медиуми. Ќе има различна регулација, но нема да излеземе од рамките на она што е во Европа“, вели Јанакиески.
Концептот за законот беше претставен во декември, но новинарските здруженија и организациите на медиуми понатаму не учествуваа во изработката на законот. Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска вели дека се надева оти предлагачот на законот ќе им остави време и простор за дебата.
„Одредбите од предлог-текстот да бидат сериозно разгледани и издебатирани во една широка расправа којашто ќе ги вклучи сите засегнати страни и дека тоа што потенцијално би било оценето како проблематично или несоодветно дека посебно би се акцентирало и би се лоцирале соодветни решенија“, вели Петковска.
ЗНМ веќе од претходно се изјасни дека е против донесување на нов Закон за медиуми. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, по неодамнешната средба со евроамбасадорот Аиво Орав, рече дека дека владата досега не ги прашала за став во однос на таа идеја.
„Ние немаме никаков проблем владата да ја вгради европската директива во Законот за радиодифузија и да ги вгради сите препораки од Советот на Европа. За се друго очекуваме аргументација зошто треба да има нови содржини во тој закон.“
Селмани тогаш се пожали дека владата не ги почитува роковите и дека треба да покаже поголема иницијатива, а не само декларативно да биде за дијалог со новинарите. Јанакиески, пак, вели дека е најважно дијалогот за трае и преку него да се дојде до решение и најавува дека во дијалогот, освен ЗНМ, ќе биде вклучено и второто задужение на новинари, односно Македонската асоцијација на новинари.
„Ние ќе водиме дијалог со повеќе здруженија, не само со едно здружение и со сите релевантни чинители на пазарот и исто како и за сите законски решенија и за ова законско решение треба да се дискутира. Битно е да има дијалог, а преку дијалогот се надевам дека ќе најдеме едно решение кое ќе биде добро“, вели Јанакиески.
Воопшто не се планира да се регулираат печатените медиуми, туку ќе се направи евиденција, како што има во многу земји, односно да имаме еден регистар да знаеме кои се печатени медиуми во Македонија и тоа воопшто нема да биде пречка некој да започне со работа. Ќе има допрецизирање во делот на електронските медиуми или телевизиите. Друго е од аспект на веб-медиуми, така да има повеќе типови на медиуми и има предвидено различна регулација, но како и да е опфатени се сите медиуми. Ќе има различна регулација, но нема да излеземе од рамките на она што е во Европа.Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
„Воопшто не се планира да се регулираат печатените медиуми, туку ќе се направи евиденција, како што има во многу земји, односно да имаме еден регистар да знаеме кои се печатени медиуми во Македонија и тоа воопшто нема да биде пречка некој да започне со работа. Ќе има допрецизирање во делот на електронските медиуми или телевизиите. Друго е од аспект на веб-медиуми, така да има повеќе типови на медиуми и има предвидено различна регулација, но како и да е опфатени се сите медиуми. Ќе има различна регулација, но нема да излеземе од рамките на она што е во Европа“, вели Јанакиески.
Концептот за законот беше претставен во декември, но новинарските здруженија и организациите на медиуми понатаму не учествуваа во изработката на законот. Директорката на Македонскиот институт за медиуми Билјана Петковска вели дека се надева оти предлагачот на законот ќе им остави време и простор за дебата.
„Одредбите од предлог-текстот да бидат сериозно разгледани и издебатирани во една широка расправа којашто ќе ги вклучи сите засегнати страни и дека тоа што потенцијално би било оценето како проблематично или несоодветно дека посебно би се акцентирало и би се лоцирале соодветни решенија“, вели Петковска.
Ние ќе водиме дијалог со повеќе здруженија, не само со едно здружение и со сите релевантни чинители на пазарот и исто како и за сите законски решенија и за ова законско решение треба да се дискутира.Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.