Лустрацијата може да го опфати периодот до 1991 година, а нема да се лустрираат поранешни функционери, политички партии, верски организации, здруженија на граѓани, невладини организации, новинари, адвокати и медијатори.
Уставниот суд укина 12 одредби од Законот за лустрација донесен во 2008 година, а дополнуван во 2009 и 2011 година.
Одредбите, наведуваат во Уставниот суд, се укинати од две главни причини: во однос на временското важење на одредбите од законот и во однос на опфатот на субјекти на кои се однесува лустрацијата.
Според Уставниот суд, лустрацијата не може да важи по донесување на Уставот на самостојна Македонија на 17 ноември 1991 година.
Укината е обврската за лустрирање на поранешните носители на јавни функции. Според судот, ако поранешните функционери не се кандидати и сега не се носители на јавни функции, лустрацијата за нив значи повреда на нивниот морален интегритет и достоинство. Со тоа, без основа и потреба, поранешните фукнционери ќе се стават во нееднаква положба во однос на другите граѓани, а Уставот го гарантира начелото на еднаквост, велат во Судот.
Нема да имаат обврска да се лустрираат ни членови на здруженија, фондации, сојузи на здруженија и секаков организационен облик на странски организации. Тоа значи дека нема да се лустрираат верските организации, политичките партии, невладините организации и здруженијата на граѓани.
Уставниот суд ја укина обврската за лустрација и за новинарите, уредниците, основачите на медиуми, вработените во медиумите, адвокатите и медијаторите. Лустрацијата сепак ќе важи за вработените во Македонската радио-телевизија.
Судот образложува дека не може да се лустрираат „лица вработени во приватниот сектор, кои воопшто немаат пристап до јавна функција, а со тоа ни можност за загрозување на јавната и државната безбедност или на заштитата на правата и слободите на граѓаните“. Со тоа би се нарушиле нивните чест и углед, а тоа е забрането со Уставот, велат во Уставниот суд.
Со укинувањето на одредбите, тие нема да можат да се применуваат во иднина, но не се поништува лустрацијата по овие укинати одредби што е направена досега.

Нема да се лустрираат верските организации, политичките партии, невладините организации и здруженијата на граѓани.