Достапни линкови

Ако немате за леб, фатете се за лустрација


И црвената нафта врши работа... ако не те фатат.
И црвената нафта врши работа... ако не те фатат.

Големата сиромаштија, поскапувањето на бензините и на низа други прехранбени производи повторно се во сенка на лустрацијата, велат експертите.

Во секојдневие кое е обременето со многу егзистенцијални проблеми, стана редовна пракса да се насочи вниманието кон споредни работи. Властите, анализираат експертите, ја замајуваат јавноста со не толку потребни работи, а се со цел да ја задржат поддршката на јавното мислење.
На пример ова истовремено ни се случува во време кога поскапе бензинот и не се намалува акцизата, кога железницата драстично ја поскапува својата цена за превоз и сето тоа оди во втор план.
Здравко Савески, универзитетски професор.

Така деновиве по кратка пауза повторно актуелна стана лустрацијата. Откако Уставниот суд оспори неколку одредби од посоечкиот закон, владејачката партија предложи нов, проширен.

Очекувано се појавија остри реакции од опозицијата и дел од експертската јавност. Големата сиромаштија, поскапувањето на бензините и на низа други прехранбени производи повторно се во сенка на лустрацијата.
Претседател на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев
Претседател на Комисија за верификација на факти Томе Аџиев

„Тука проблемот кој се јавува при оценка на момент на одвлекување на вниманието е немање на реален критериум за тоа кои се реалните проблеми, а кој е проблемот кој се јавува како одвлекувачки на внимание“, изјави универзитетскиот професор Здравко Савески.
Само се создаваат тензии, се создаваат незадоволства, се создаваат нездрави односи во општеството без потреба а треба да се сконцентрираме на други активности, на други работи, кои се од животно значење за граѓаните па и за самата држава.
Осман Кадру, универзитетски професор.

Професорот Осман Кадру, пак, вели дека лустрацијата е повторно актуелна зошто земјава доцни со овој процес. Но и тој се согласува дека во овој момент истата се користи за ја збуни јавноста и да го одвлече вниманието на граѓаните од другите проблеми.

„Само се создаваат тензии, се создаваат незадоволства, се создаваат нездрави односи во општеството без потреба, а треба да се сконцентрираме на други активности, на други работи, кои се од животно значење за граѓаните па и за самата држава. “

Ова не е првпат вниманието на јавноста да се одвлекува со други теми. Покрај лустрацијата, нашите соговорници велат дека и зголемувањето на меѓуетничките тензии се една од алатките кои властите ги користат за да ги потиснат актуелните состојби.

„На пример ова истовремено ни се случува во време кога поскапе бензинот и не се намалува акцизата, кога железницата драстично ја поскапува својата цена за превоз и сето тоа оди во втор план“, вели Савески.

Новиот предлог закон за лустрација, според Кадриу, е потврда дека ние и не сакаме таа да ни се случи. Законот е контроверзен, а измените кои се бараат се непотребни, спроведувањето на законот ќе биде проблематично и проследено со низа пропусти, вели Кадриу.

Колку обидот на власта да ги стави во втор план проблемите на граѓаните ќе биде успешен, зависи од свеста на поединецот. Аналитичарите велат дека секој граѓанин треба да си одговори дали (на пример) лустрацијата е особено важна за неговото секојдневие или, пак, е само уште една потврда дека во неможноста да се справи со неговите проблеми, власта пласира теми кои ќе го свртат вниманието кон нешто друго.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG