Достапни линкови

Стружани очекуваат неизвесни избори за градоначалник


Струга.
Струга.

Македонците во Струга на овие локални избори ја гледаат својата шанса за победа, поради неколкуте кандидати Албанци што ќе значи поделба на албанските гласови, сметаат добрите познавчи на приликите во градот. Според нив, овие избори ќе бидат најинтересни досега за Струга. Она што се знае е дека досегашниот градоначалник Мерко заминува.

Локалните избори во март оваа година ќе бидат најинтересните и најнеизвесните за Струга сметаат добрите познавачи на приликите во градот. Според нив на овие избори сите партии ќе имаат подеднакви шанси за победа. Она што се знае е дека по осум годишно раководење Рамиз Мерко заминува од градоначалничката фотелја.
Кај албанскиот блок има тројца кандидати. Меѓутоа постои можност да се појави и уште некој независен кандидат кој ќе одвлече еден извесен број на гласови и со кои во вториот круг ќе се пазарат.
Мехмет Љатифи, новинар од Струга,.

Албанските партии веќе ги истакнаа своите кандидати за градоначалници, додека македонскиот блок партии се уште калкулираат со имињата.

Мехмет Љатифи новинар од Струга, хроничар на изборните циклуси од 1991 година па наваму вели дека проблем за албанските партии ќе претставува податокот дека во ниту еден изборен циклус досега во Струга, Албанците не излегле над 50%. Љатифи вели дека поради повеќето кандидати Албанци, Македонците ја гледаат шансата за победа во Струга
Струга.
Струга.

„Кај албанскиот блок има тројца кандидати. Меѓутоа постои можност да се појави и уште некој независен кандидат кој ќе одвлече еден извесен број на гласови и со кои во вториот круг ќе се пазарат. Дали Македонците ја гледаат својата шанса на овие избори? Баш затоа тие ја гледаат својата шанса поради овие поделби што владеат во албанскиот политички блок“, вели Љатифи.
Калкулации има секакви, она што е сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе има свој кандидат. Би разговарале со СДСМ и со ПЕИ? Да тоа е отворено секогаш и ние сме спремни да разговараме и со двете партии.
Момчило Аврамовски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Струга.

Момчило Аврамовски советник од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Струга смета дека Македонците во Струга на овие избори имаат шанса за победа, и оти со заеднички кандидат на сите македонски партии тоа е остварливо. Во изминатиов период пред случувањата во собранието локалните раководства на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаа одредени разговори.

„Калкулации има секакви, она што е сигурно е дека ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе има свој кандидат. Би разговарале со СДСМ и со ПЕИ? Да тоа е отворено секогаш и ние сме спремни да разговараме и со двете партии. Има и позитивни работи што Мерко не е кандидат. Позитивно е што нема сработено за градот и тоа се јаки аргументи“, вели Аврамовски.

Ардијан Демири претседател на струшкиот огранок на партијата РДК на Руфи Османи смета дека поради актуелната ситуација во градот, на Струга и биле потребни промени, и поради тоа овие избори ќе бидат најинтересните.

„Битката ќе е отворена, секој е потенцијален победник. Оваа промена на Струга и беше потребна од поодамна. Сите дадоа до знаење дека лошите политики се казнуваат додека добрите можат да продолжат и понатака“, вели Демири.

Соговорниците сметаат дека голема улога ќе играат и гласовите на ПЕИ, партија која има значително гласачко тело во струшко
XS
SM
MD
LG