Достапни линкови

Кризата го преполови бројот на грчки туристи во Охрид


Голем број на грчки туристи го прославија католичкиот Божиќ во Охрид.
Голем број на грчки туристи го прославија католичкиот Божиќ во Охрид.

Грчите туристи со кои разговаравме велат дека економската криза кај нив се одразила длабоко во нивните одлуки каде да ги потрошат своите пари.

Голем број на грчки гости го прославија католичкиот Божиќ во Охрид, но од агенциите преку кои Грците дојдоа во Охрид и Струга, велат дека поради економската криза нивниот број бил помал во однос на минатите години.
На три дена пред доаѓање ми откажаа 10 агенции со околу 500 гости. Терминот за доаѓање беше 23 и 24 декември. Мене најслаб Божиќ во изминативе 9 години ми беше со 800 гости. Имавме најава за 1.200 гости и од 1. 200 гости дојдоа само 250. Ова има одраз на хотелите, на агенциите, градот.
Андонис Бегалис, туристички работник.

Андонис Бегалис од туристичката агенција Ибегалис, вели дека оваа година нивниот број бил помал за 60 отсто и дека голем дел од претходно букираните аранжмани биле откажани во последен момент.

„На три дена пред доаѓање ми откажаа 10 агенции со околу 500 гости. Терминот за доаѓање беше 23 и 24 декември. Мене најслаб Божиќ во изминативе 9 години ми беше со 800 гости. Имавме најава за 1.200 гости и од 1. 200 гости дојдоа само 250. Ова има одраз на хотелите, на агенциите, градот“, вели Бегалис.

Јас сум во контакт со моите грчки колеги и според нивните кажувања 2013 година ќе биде уште полоша, додава тој.

Продажбата на аранжмани со грчки туристи за цел Балкан е намалена за 70 отсто, а ситуацијата е најлоша во Хрватска, каде од 1.500 реализирани се само 100 гости, во Србија од 500 само 60, во Словенија од 1.000 најавени гости, реализирани биле само 80.
Тоа се одрази врз туризмот, народот не ја сака економската криза, но таа дојде. Сега има помали примања, пензии, плати и голема безработица и сето тоа се одрази во туризмот.
Вангелис Гривакис, туристички работиник.

Грчите туристи со кои разговаравме велат дека економската криза кај нив се одразила длабоко во нивните одлуки каде да ги потрошат своите пари.

„Во Грција има економска криза, тоа е поради тоа што голем број луѓе парите ги изнесоа во Швајцарија и затоа ова се случува“, вели еден жител на Грција.

„Постои криза, но не за сите. Ние живееме во село и ги имаме сите производи“, вели турист од Грција.

Економската криза во Грција има големо влијание врз патувањето на грчките граѓани во странство, вели Вангелис Гривакис од туристичката агенција Манисис травел.

„Тоа се одрази врз туризмот, народот не ја сака економската криза, но таа дојде. Сега има помали примања, пензии, плати и голема безработица и сето тоа се одрази во туризмот. Кај вас најприлагодливи се цените во однос на другите држави и затоа сакаат да доаѓаат овде“, рече Вангелис Гривакис од туристичката агенција Манисис.

Димитри Бегалоски туристички водич вели дека грчките гости со задоволство доаѓаат во Македонија.

„Тие се восхитени од црквите, од националните паркови, восхитени се од цените, бидејќи како држава сме многу поевтина. Дестинацијата е посета на Маврово, Галичица, манастирот Свети Јован Бигорски“, рече Бегалоски.

Грчки туристи покрај охридското езеро, во помал број, ќе има и за дочекот на Нова година.
XS
SM
MD
LG