Жителите на струшкото село Јабланица пет дена се без електрична енергија, а патот кој води кон селото во моментот е непрооден. Велат дека живеат живот во крајно неподносливи услови, а државата како да го има заборавено овој крај на Македонија.
Новите снежни врнежи во селата од дримколскиот регион само ја отежнуваат и така комплицираната ситуација. Бараат од државата навреме да интервенира за да не случи она што им се случи минатата година кога десет дена беа целосно отсечени од цивилизацијата.
Ѓуро Лекоски, жител на Јабланица, вели дека има неколку бремени жени и болни луѓе кои не можат да бидат однесени до Струга. Во селото има повеќе од еден метар снег, па поради тоа жителите молат за помош.
„Струја сè уште немаме, а патот не е прооден веќе два дена. Овде било тешко и за време на социјализмот, но сега е многу потешко од тогаш. Тогаш се пушташе машина да го исчисти патот во секое време од која и да било градежна фирма, а сега нема кој да дојде и да ни помогне. Ниту ЕВН не може да стигне до селото бидејќи патот е целосно непрооден. Сите дрва се испопаѓани, а никој не доаѓа да ги отстрани. Локалниот превозник денес воопшто не сообраќа на линијата до Струга, а до вчера мораше прво да ги исече дрвата со рачна пила за да може да помине“, вели Лекоски.
Проблем со честиот прекин на електрична енергија има и во останатите повисоки струшки села. Од струшкото јавно претпријатие Комунално велат дека тие не се надлежни за чистењето на селските средини и оти со сета расположлива механизација и човечки ресурси го чистат градот колку што им дозволуваат условите.
Директорот на Јавното претпријатие Охридски комуналец Сашо Алче, пак, вели дека засега имаат доволно залихи на песок и ризла.
„Сега имаме залиха и за 10 дена да има потреба да работиме со сол и ризла. Во тој дел сме спремни и со редовно отворање на тендерите. Првата тура од 40 тони веќе пристигна, во тој дел нема да имаме никакви проблеми. Улиците ги чистиме според програмата за зимско одржување. Прво ги чистиме оние кои се од прва категорија, а потоа и сите други патишта“, рече Алче.
Градоначалникот Александар Петрески побара од Македонија пат да бидат посериозни кога е во прашање чистењето на патните правци кои водат кон Охрид.
„Само еден споменик да не се направи и тие пари да се наменат за возила и за одржување може да се купат 200 возила и машини за одржување на патиштата“, рече Петрески.
Градските власти од Охрид од државата побараа повеќе сили во чистењето на патиштата да насочи кон туристичките центри вклучувајќи го Охрид, бидејќи се наближуваат празници.
Струја сè уште немаме, а патот не е прооден веќе два дена. Овде било тешко и за време на социјализмот, но сега е многу потешко од тогаш. Тогаш се пушташе машина да го исчисти патот во секое време од која и да било градежна фирма, а сега нема кој да дојде и да ни помогне. Ниту ЕВН не може да стигне до селото бидејќи патот е целосно непрооден. Сите дрва се испопаѓани, а никој не доаѓа да ги отстрани. Локалниот превозник денес воопшто не сообраќа на линијата до Струга, а до вчера мораше прво да ги исече дрвата со рачна пила за да може да помине.Ѓуро Лекоски, жител на струшкото село Јабланица.
Новите снежни врнежи во селата од дримколскиот регион само ја отежнуваат и така комплицираната ситуација. Бараат од државата навреме да интервенира за да не случи она што им се случи минатата година кога десет дена беа целосно отсечени од цивилизацијата.
Ѓуро Лекоски, жител на Јабланица, вели дека има неколку бремени жени и болни луѓе кои не можат да бидат однесени до Струга. Во селото има повеќе од еден метар снег, па поради тоа жителите молат за помош.
„Струја сè уште немаме, а патот не е прооден веќе два дена. Овде било тешко и за време на социјализмот, но сега е многу потешко од тогаш. Тогаш се пушташе машина да го исчисти патот во секое време од која и да било градежна фирма, а сега нема кој да дојде и да ни помогне. Ниту ЕВН не може да стигне до селото бидејќи патот е целосно непрооден. Сите дрва се испопаѓани, а никој не доаѓа да ги отстрани. Локалниот превозник денес воопшто не сообраќа на линијата до Струга, а до вчера мораше прво да ги исече дрвата со рачна пила за да може да помине“, вели Лекоски.
Само еден споменик да не се направи и тие пари да се наменат за возила и за одржување може да се купат 200 возила и машини за одржување на патиштата.Александар Петрески, градоначалник на Охрид.